Bosch GFZ 16-35 AC Professional Notice Originale page 119

Masquer les pouces Voir aussi pour GFZ 16-35 AC Professional:
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-594-004.book Page 119 Friday, April 29, 2016 4:50 PM
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до
19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016:
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми:
EN 60745-1, EN 60745-2-11, EN 50581.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ETM9,
70538 Stuttgart, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Дополнителна дршка
Монтирање на дополнителната дршка
(види слики A – C)
Ставете ја дистанционата цевка 14 во отворот на куќиштето
и затегнете ја со навртката со нарецкана глава 13.
Извлечете ја дополнителната дршка 2 и ставете ја со двете
страни на дистанционата цевка 14.
Ставете ја завртката 16 на дополнителната дршка и
дистанционата цевка и затегнете ја со назабената навртка
15.
Свртете ја дополнителната дршка (види слика D)
Дополнителната дршка 2 може да ја вртите по желба, за да
си овозможите безбедна и неуморна работа.
Олабавете ја назабената навртка 15 и навалете ја
дополнителната дршка 2 во саканата позиција. Повторно
затегнете ја назабената навртка.
Подесување на дополнителната дршка (види слика E)
За сечење во близина на рабови, поместете ја странично
дополнителната дршка 2.
Олабавете ја завртката со нарецкана глава 13 и
притиснете ја дополнителната дршка 2 со дистанционата
цевка 14 во саканата позиција. Повторно затегнете ја
завртката со нарецкана глава .
Bosch Power Tools
Вметнување/менување на листовите за пила
 При монтажата на листовите на пилата носете
заштитни ракавици. Доколку ги допрете листовите за
пила, постои опасност од повреда.
 За време на користењето на електричниот апарат
секогаш ставете го штитникот 11 на листовите за
пила.
Избирање на листови за пила
Изберете листови за пила во согласност со материјалот за
обработка.
За сечење на лесни градежни материјали одбирајте само
листови од цврст метал, но не и листови за дрво или
пластика.
Ставање на листовите за пила (види слики I – J)
Свртете го електричниот апарат со основната плоча
нагоре.
Доколку е потребно извадете го каналот за вшмукување 8
(види „Канал за вшмукување", страна 120).
Најпрво ставете го листот за пила, чијшто зафаќач 17 е
поблизу до моторот.
Напомена: Зафаќачите на листовите за пила 17 стојат во
различна позиција по секое исклучување. Сликите
покажуваат произволна позиција.
 Натписот на листот на пилата 12 мора секогаш да
покажува нанадвор и да биде усогласен со бојата на
зафаќачот на листот за пила 17.
Притиснете го SDS-копчето 9 и држете го притиснато. На
тој начин ќе се повлече чивијата за заклучување 18, а
листовите за пила ќе може да се закачат.
Закачете го соодветниот лист за пила 12 во зафаќачот 17,
којшто е најблиску до моторот (). Завртете го листот за
пила во водилката 19 и оставете го врвот на листот за пила
да се вклопи во процепот на мечот 1.
Закачете го вториот лист за пила во слободниот зафаќач
17 (). Завртете го листот за пила во водилката 19.
Отпуштете го SDS-копчето 9.
Притиснете од горната страна на вториот лист за пила 12,
додека врвот на листот за пила не се вклопи во процепот
на мечот 1.
 Проверете дали листовите за пила се цврсто
поставени. Лабаво поставениот лист за пила може да
испадне и да Ве повреди.
Поставете го штитникот 11 на листовите за пила 12.
Вадење на листовите за пила (види слики K–L)
Притиснете го SDS-копчето 9. Извлечете ги двата листа за
пила 12 истовремено на висина на зафаќачот 17 од
водилката за листови за пила ().
Притиснете ги листовите за пила 12 еден од друг по
должина () и извлечете ги едноподруго од водилката
19 (). Доколку ги извлечете истовремено ќе се заглават.
Македонски | 119
1 609 92A 2PW | (29.4.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières