Bosch 0 602 211 507 Notice Originale page 216

Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-2509-002.book Page 216 Tuesday, October 25, 2016 2:36 PM
216 | Македонски
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
 Прекинете го напојувањето со енергија, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле електричниот апарат. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот апарат.
 Користете само брусни клинови со соодветен
дијаметар на држачот. Брусниот клин, чиј дијаметар
на држачот не одговара на прифатот за алат на
електричниот апарат (види „Технички податоци"),
може да не се зацврсти добро и да ја оштети
затегнувачката чаура.
 Откако сте го провериле и ставиле брусниот клин, не
им дозволувајте на лицата да бидат во близина на
нивото на ротирачкиот брусен клин и оставете го
алатот да врти една минута со максимален број на
вртежи. Повеќето од оштетените брусни клинови ќе се
скршат во текот на овој пробен период.
Монтирање на заштитните уреди
Заштитна хауба за брусење (види слика A)
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот апарат, електричниот
апарат мора да се прати во сервисната служба, за
адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети
при користење".
– Поставете ја заштитната хауба 2 на грлото од вретеното.
Подесете ја позицијата на заштитната хауба 2 според
потребите на работниот процес. Блокирајте ја
заштитната хауба 2 со шрафот за фиксирање 8 и
затегнете го шрафот со најмалку 10 Nm.
Замена на алатот (види слика A)
Вметнување на дискот за брусење
Уверете се, дека е монтирана соодветната заштитна хауба
(види „Монтирање на заштитните уреди", страна 216).
Внимавајте на димензиите на брусните апарати.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
– Исчистете го вретеното за брусење 4 и сите делови што
треба да се монтираат.
1 609 92A 36J | (25.10.16)
– Поставете ја приклучната прирабница 5 на вретеното за
брусење 4.
– Поставете го брусното тело 1 (брусна плоча) соодветно
на точната насока на вртење на вретеното за брусење
4.
– Ставете ја затезната навртка 6 така на навојот на
навртката, што средната длабина на затезната навртка
покажува нагоре.
– Зашрафете ја затезната навртка со клучот со два
отвори 7, додека со вилушкаст клуч 9 ќе држите на
површината на клучот на вретеното за брусење 4.
 По монтажата на брусниот апарат, пред
вклучувањето, проверете дали брусниот апарат е
точно монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали брусниот апарат не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Отстранување на брусната плоча
 Брусната плоча за време на работата станува многу
жешка, не ја допирајте пред да се олади.
– Вретеното за брусење 4 цврсто задржете го со
вилушкаст клуч на површината на клучот 9.
– Зашрафете ја затезната навртка 6 со клучот со два
отвори 7 на вретеното за брусење, додека со
вилушкаст клуч 9 ќе држите на површината на клучот.
– Повлечете ги последователно алатот за брусење како и
приклучната прирабница од вретеното за брусење.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Приклучок на напојувањето со енергија
За употреба на електричните апарати потребен ви е
претворач на фреквенции, кој произведува трофазна
струја со фреквенција соодветна на спецификационата
плочка.
Претворачи на фреквенции има во различни големини, со
различни фреквенции, секундарни напони и номинални
јачини. Изборот на претворачот на фреквенции зависи од
електричните апарати кои што треба да се приклучат.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières