Bosch 0 607 450 614 Notice Originale page 180

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
OBJ_BUCH-275-005.book Page 180 Friday, September 2, 2016 3:02 PM
180 | Македонски
Монтажа
Уреди за безбедно ракување
 Доколку сакате да го користите пневматскиот алат
на уред за закачување или за затегање, внимавајте
на тоа, алатот најпрво да го прицврстите во уредот,
пред да го приклучите на напојување со воздух. На
тој начин нема невнимателно да го употребите.
Уред за закачување
Со обрачот за закачување 3 може да го прицврстите
пневматскиот алат на уред за закачување.
– Зашрафете го горниот, преден шраф 1 со внатрешен
шестаголен клуч (види „Технички податоци") во правец
спротивен на стрелките од часовникот на куќиштето на
пневматскиот алат. Извадете ја подлошката 2 и ставете ја
на шрафовите 1. Зашрафете го држачот за закачување 3
со шрафовите и подлошките во правец на стрелките од
часовникот на куќиштето од пневматскиот алат.
 Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за
закачување и куките на уредот за закачување.
Приклучок на напојувањето со воздух
 Внимавајте на тоа, воздушниот притисок да не биде
понизок од 6,3 бари (91 psi), бидејќи пневматскиот
алат е конструиран за овој работен притисок.
За максимална јачина, мора да се придржувате до
вредностите за ширината на цревото како и навојот на
приклучокот како што е дадено во табелата „Технички
податоци". За да се одржи полната јачина, користете само
црева со макс. 4 м должина.
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот алат од
оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Напомена: Неопходно е користење на единицата за
одржување на компресираниот воздух. Ова овозможува
беспрекорна функција на пневматските алати.
Внимавајте на упатството за употреба на единицата за
одржување.
Сите арматури, кабелски врски и црева мора да бидат така
конструирани да одговараат на притисокот и потребната
количина на воздух.
Избегнувајте стеснување на доводните водови напр. со
притискање, превиткување или истегнување!
Доколку се двоумите, проверете го притисокот на влезот
за воздух со манометар и со вклучен пневматски алат.
Приклучок за напојување со воздух на пневматскиот
алат (види слика A)
– Извадете го капачето за затворање 6 од приклучните
додатоци на доводот за воздух.
– Зашрафете спојница за црево 7 на држачите за
приклучокот на доводот за воздух 5.
За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 7 треба да
притиснете на држачите за приклучокот за довод на
воздух 5 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
1 609 92A 39M | (2.9.16)
– Олабавете ги држачите за 13 цревото за довод на
воздух 14, и зацврстете го цревото за довод на воздух
на спојницата за црево 7, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Напомена: Секогаш најпрво зацврстете го цревото за
довод на воздух на пневматскиот алат, а потоа на
единицата за одржување.
Замена на алатот
 При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да
не може да се контролира.
Ставање на алатот за вметнување
– Поставете го алатот за вметнување 12 на
четириаголниот прифат за алат 10. Внимавајте на тоа,
прстенот за задржување 11 да се заклучи во жлебот на
алатот што се вметнува.
Користете само алати за вметнување со соодветен крај за
приклучување (види „Технички податоци").
 Не користете адаптер.
Вадење на алатот за вметнување
– Извлечете го надолу алатот за вметнување 12 од
прифатот за алат 10. Доколку е премногу зацврстен
алатот за вметнување, може да го олабавите со лесен
удар со гумен чекан.
Употреба
Ставање во употреба
Пневматскиот алат работи оптимално при работен
притисок од 6,3 бари (91 psi), измерено на влезот за
воздух при вклучен пневматски алат.
 Внимавајте на поставениот правец на вртење, пред
да го вклучите пневматскиот алат. Доколку, на
пример, сакате да одвртите шраф, а правецот на
вртење е поставен за зашрафување на шрафот, може
да дојде до силно неконтролирано движење на
пневматскиот алат.
Поставување на правецот на вртење и вртежниот
момент (види слика B)
Прекинувачот за правец на вртење 4 служи како за
поставување на правецот на вртење така и за поставување
на вртежниот момент.
F
„Forward" стои за десен тек.
R
„Reverse" стои за лев тек.
 Прекинувачот за правец на вртење активирајте го
само доколку апаратот е во состојба на мирување.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

0 607 450 6150 607 450 6160 607 450 6180 607 450 619

Table des Matières