Bosch AdvancedGlue 18V Notice Originale page 127

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во
прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете
на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа
не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Кога пиштолот за лепење е вклучен, приказот за
наполнетост на батеријата го сигнализира преостанатиот
капацитет на батеријата.
Ако по загревањето трепка копчето за избор на
температура (7) или (9) во црвено, батеријата има
помалку од 30 % од нејзиниот капацитет и треба да се
наполни.
Ако свети копчето за избор на температура (7) или (9) во
црвено, батеријата е целосно испразнета и треба да се
наполни.
Напомени за оптимално користење на
батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Употреба
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
– За вклучување на пиштолот за лепење притиснете го
копчето за вклучување/исклучување (8).
Пиштолот за лепење се загрева со последната
поставена работна температура (130 °C или 200 °C).
За време на загревањето трепка соодветното копче за
избор на температура (7) или (9) во зелено. Ако
непрекинато свети во зелено, тогаш пиштолот за
лепење е подготвен за работа.
Ако ја промените работната температура за време на
работата, трепка соодветното копче за избор на
температура (7) или (9) во зелено, додека не се постигне
саканата целна температура. За време на процесот на
ладење од 200 °C до 130 °C, тоа може да потрае неколку
минути.
– За исклучување на пиштолот за лепење држете го
притиснато копчето за вклучување-исклучување (8)
додека LED светилката на соодветното копче за избор
на температура (7) или (9) не се изгаси.
Bosch Power Tools
Напомена: Ако пиштолот за лепење не се користи
подолго од 10 min, автоматски се исклучува за да
заштеди енергија.
– Ако копчето за избор на температура (7) или (9)
постојано свети црвено по повторно вклучување,
мора да ја наполните батеријата.
По употребата оставете го пиштолот за лепење на
u
безбедно место и целосно нека се олади пред да го
спакувате. Врелата млазница може да предизвика
штети.
Совети при работењето
Заштитете ги лицата и животните од врелата смеса
u
за лепење и врвот на млазницата. Смесата за
лепење и врвот на млазницата стануваат жешки до
околу 200 °C постои опасност од изгореници. Доколку
со врелата смеса за лепење ја допрете кожата, држете
го допреното место неколку минути под ладен млаз
вода. Не се обидувајте да ја отстраните жешката смеса
за лепење од кожата.
Користете само смеса за лепење што е препорачана од
производителот на пиштолот за лепење и соодветна за
работната температура.
Лепливиот спој може да се разложи под влијание на влага
или топлина.
Подготовка за лепење
Местата на лепење мора да бидат чисти, суви и без
маснотии.
Материјалите што се лепат како и подлогата на која се
работи, не смеат да бидат лесно запаливи.
Проверете ја претходно отпорноста на топлина на
материјалите, на едно парче за проба.
Деловите што треба да се лепат не смеат да бидат со
температура пониска од +5 °C и повисока од +50 °C.
Материјалите кои брзо ја ладат смесата за лепење треба
претходно да се загреат со дувалка за топол воздух.
Лепење
– Вметнете го патронот за лепење (3) кој е соодветен за
материјалот во преградата за патрони за лепење (4).
– Вклучете го пиштолот за лепење и по потреба со
притискање на соодветното копче за избор на
температура (7) или (9) изберете ја соодветната
работна температура за стапчето за лепење.
– Оставете го пиштолот за лепење да се загрее. Копчето
за избор на температура трепка во зелено.
Штом копчето за избор на температура свети во зелено,
пиштолот за лепење е подготвен за работа.
– Со рамномерен притисок притискајте на копчето за
придвижување (10) и нанесете го лепилото на едната
страна.
– Притиснете ги материјалите што треба да се залепат
веднаш по нанесувањето на смесата за лепење за
околу до 30 s.
Сè уште е можна корекција на местото на лепење.
Македонски | 127
1 609 92A 6H1 | (22.04.2022)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières