Опис На Производот И Перформансите - Bosch Professional GBS 75 AE Notice Originale

Ponceuse à bande
Masquer les pouces Voir aussi pour Professional GBS 75 AE:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
112 | Македонски
Безбедносни напомени за брусилки
Држете го електричниот алат за изолираната
u
површина, бидејќи сечилото може да дојде во
контакт со својот кабел. Сечењето на жица „под
напон" може да ги изложи металните делови на
електричниот алат „под напон" и операторот може да
добие струен удар.
Користете го електричниот алат само за суво
u
брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
алат го зголемува ризикот од електричен удар.
Ставете го електричниот алат на делот што се
u
обработува само кога е вклучен и исклучете го
дури тогаш кога ќе го кренете од делот.
Електричниот алат може одеднаш да се придвижи.
Никогаш не ја допирајте брусната лента што
u
работи. Постои опасност од повреда.
Носете заштитни ракавици и никогаш не ја
u
допирајте брусната лента што работи. Постои
опасност од повреда.
Внимавајте на тоа лицата да не се во опасност
u
поради искри што летаат. Тргнете ги запаливите
материјали од близина. При брусење на материјали
постои опасност од искрите што летаат.
Не користете изабени, скршени или силно
u
прицврстени брусни ленти. Оштетените брусни ленти
може да се скршат, исфрлат и да повредат некого.
Внимание опасност од пожар! Избегнувајте
u
прегревање на парчето што се бруси и брусилката.
Пред да направите пауза во работата, секогаш
испразнете го резервоарот за прав. Правта од
брусењето во торбата за прав, микро честичките,
хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на
вшмукувачот за прав) може да се запали при
неповолни услови, како на пр. летање на искри при
брусење на метали. Особена опасност постои, доколку
правта од брусењето се измеша со остатоци од лак,
полиуретан или други хемиски материјали и доколку
парчето што се бруси се вжешти по долготрајна
работа.
Редовно чистете ги отворите за проветрување на
u
вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрични опасности.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
При работата, држете го електричниот алат цврсто
u
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
1 609 92A 4J7 | (24.07.2018)
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за брусење на суви
површини – со висок капацитет на отстранување – на
дрво, пластика, метал, шпахтел маса како и лакирани
површини.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
A)
(2) Брусна лента
(3) Затезен лост за брусна лента
(4) Копче за подесување на брзината на движење на
лентата
(5) Прекинувач за вклучување/исклучување
(6) Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(7) Ќеса за прав
(8) Рачка (изолирана површина на рачката)
(9) Копче за подесување на движењето на лентата
(10) Млазници за издувување
(11) Заштитно капаче
(12) Всисување на прав
A)
(13) Графитна плоча
(14) Лизгачки лим
A) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Брусилка со подвижна
лента
Број на дел/артикл
Номинална јачина
Излезна моќност
Брзина на лентата во
празен од
Должина на брусната лента
Ширина на брусната лента
GBS 75 AE
3 601 B74 7..
W
750
W
410
m/min
200 – 330
mm
533
mm
75
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Pbs 75 aPbs 75 aeGbs 75 ae professional

Table des Matières