Начини На Работа - Bosch GST 18 V-LI S Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GST 18 V-LI S Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Вклучување на системот за всисување прав
(види слики G–H)
Поставете ги млазниците за всисување (22) во
вдлабнатините на основната плоча (7).
Поставете црево за всисување (23) (опрема) на
млазниците за всисување (22). Поврзете го цревото за
всисување (23) со всисувач за прашина (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (21).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Bosch Power Tools
Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
нема осцилации
мали осцилации
средни осцилации
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво во правец
на влакната може да се работи со максимално
осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види слика I)
(GST 18 V‑LI B)
Основната плоча (7) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Млазниците за всисување (22) и заштитата од
кинење (21) не се користат при сечење со закосување.
– Извадете ги млазниците за всисување (22) и заштитата
од кинење (21).
– Олабавете ја завртката (24) со внатрешен шестаголен
клуч (5) и вметнете ја основната плоча (7) до крај во
правец на батеријата (3).
– За подесување на прецизен агол на косо сечење,
основната плоча од десната и левата страна има точки
за вклопување 0° и 45°. Навалете ја основната плоча
(7) согласно скалата (25) во саканата позиција.
Другите агли на косо сечење може да се подесат со
помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (7) до крај во
правец на сечилото за пила (10).
– Повторно затегнете ја завртката (24).
Поместување на основната плоча (види слика I)
(GST 18 V‑LI B)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја
поместите основната плоча (7).
Олабавете ја завртката на основната плоча (24) со
внатрешен шестаголен клуч (5) и вметнете ја основната
плоча (7) до крај во правец на батеријата (3).
Повторно затегнете го шрафот (24).
Сечењето со поместена основна плоча (7) е можно само
со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа не треба да се
употребува заштитата од кинење (21).
Македонски | 191
1 609 92A 4TM | (04.04.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gst 18 v-li b professionalProfessional gst 18 v-li sProfessional gst 18 v-li b

Table des Matières