Начини На Работа - Bosch GST 90 E Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GST 90 E Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
156 | Македонски
Проверете дали е стабилно сечилото за пила.
u
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и
да Ве повреди.
Вадење на сечилото за пила (види слика B)
Притиснете го SDS-лостот (8) нанапред до крај и
извадете го сечилото за пила (10).
Заштита од кинење (види слика C)
Заштитата од кинење (14) (опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
сечила за пила и со агол на резот од 0°. Основната плоча
(5) при сечење со заштита од кинење не смее да се
поместува наназад за сечење блиску до работ.
Притиснете ја заштитата од кинење (14) од долу во
основната плоча (5).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Заштитен капак (види слика D)
Монтирајте го заштитниот капак (15), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак (15) на електричниот алат на
тој начин што држачите ќе се вклопат на заштитата од
допир (11).
Извадете го заштитниот капак (15) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол.
Извлечете го заштитниот капак нанапред од заштитата на
допир (11).
Приклучување на всисувач за прав (види слики E–F)
Поставете ги млазниците за всисување (16) во
вдлабнатините на основната плоча (5).
1 609 92A 4V4 | (23.04.2019)
Внимавајте запците на млазниците за всисување, да се
вклопат E во соодветната вдлабнатина на електричниот
алат, како што е прикажано на сликата.
Поставете црево за всисување (17) (опрема) на
млазниците за всисување (16). Поврзете го цревото за
всисување (17) со всисувач за прашина (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (14).
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако
го имате приклучено всисувачот за прашина.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (7) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
Ниво 0
нема осцилации
Ниво I
мали осцилации
Ниво II
средни осцилации
Ниво III
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво во правец
на влакната може да се работи со максимално
осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види слика G)
Основната плоча (5) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gst 90 be professional

Table des Matières