Bosch Rotak 320 ER Notice Originale page 143

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
OBJ_BUCH-2960-001.book Page 143 Tuesday, August 2, 2016 3:32 PM
Држете го кабелот понастрана
од сечилата.
Ракување
Никогаш не дозволувајте им на
деца и луѓе кои не се запознаени со
овие инструкции да ја користат
косачката. Локалните прописи
можат да ја ограничат возраста на
ракувачот. Чувајте ја косачката вон
дофат на деца кога не ја
употребувате.
Оваа косачка не е наменета на
личности (и деца) со ограничени
физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на
искуство и знаење, освен ако не им
се обезбедени соодветни
инструкции или надзор за употреба
на косачката од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Внимавајте децата да не си играат
со косачката.
Не косете кога во близина има
животни, луѓе, а особено деца.
Ракувачот е одговорен за штетата
нанесена на други луѓе или имот.
Не користете ја косачката боси или
со отворени сандали. Носете крути
обувки и долги пантолони.
Детално прегледајте го теренот
каде што ќе ја користите косачката
и отстранете ги сите камења,
стапови, жици, коски и други
предмети.
Секогаш пред употреба проверете
да не се оштетени или истрошени
сечилата, носачите на сечилата или
склопката за сечење. Заменете ги
Bosch Power Tools
истрошените или оштетените
сечила и носачи за да ја одржите
рамнотежата на косалката.
Косете само по дневна светлина
или под добро осветлување.
Избегнувајте косење при лоши
временски услови, на пример кога
постои ризик од грмотевици.
По можност, не употребувајте ја
косачката на влажна трева.
Одете полека, не трчајте.
Не користете ја косачката со
оштетени штитници или браници,
или без заштитна опрема, на
пример соодветен штит или
контејнер за трева.
Носете заштита за слухот.
Употребата на косачката на коси
површини може да биде опасно.
– Не косете на премногу стрмни
падини.
– На коси површини или на влажна
трева обезбедете стабилен и
сигурен чекор.
– На коси површини секогаш косете
лево-десно, а никогаш горе-долу.
– Бидете особено внимателни кога ја
менувате насоката на косењето.
Бидете многу внимателни кога
одите наназад или ја влечете
косачката.
Не косете влечејќи ја косачката кон
себе.
Стопирајте ги сечилата кога треба
да ја пренесете машината, преку
површини коишто не се трева и
кога ја носите машината до и од
местото на косењето.
Македонски | 143
F 016 L81 624 | (2.8.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières