Bosch UniversalLevel 360 Notice Originale page 185

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 24
За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (4) во позиција OFF. При исклучување, осцилирачката единица се
блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
u
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
Начини на работа
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да ги промените во било кое
време:
– Режим со вкрстени линии (види слика A): создава хоризонтално ласерско ниво
(360° ротирачка ласерска линија) и една вертикална ласерска линија нанапред,
– хоризонтален режим (види слика B): создава хоризонтално ласерско ниво (360°
ротирачка ласерска линија),
– вертикален режим (види слика C): создава вертикална ласерска линија.
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим со вкрстени линии со автоматика
за нивелирање. За да го смените начинот на работа, притиснете на копчето за
режим на работа на ласерот Mode (1).
Сите начини на работа се можни со автоматика за нивелирање, како и со функција
за навалување.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање (види слика E)
При работа со автоматика за нивелирање, приказот за статус (3) не смее да светка.
Доколку е потребно, вклучете ја автоматиката за нивелирање со повторно
притискање на копчето за функција за навалување (2), со што приказот за статус ќе
се изгаси.
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на
стативот (11) или на телескопската прачка (13).
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на
самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се
движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи површината на која
е поставен мерниот уред отстапува повеќе од 4° од хоризонталата, ласерските
зраци почнуваат да трепкаат.
Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во полето на самонивелирање
од ±4° ласерските зраци светат непрекинато.
Bosch Power Tools
Македонски | 185
1 609 92A 5PV | (06.03.2020)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières