Bosch Professional GSS 140 A Notice Originale page 109

Masquer les pouces Voir aussi pour Professional GSS 140 A:
Table des Matières

Publicité

За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во
моментот кога е во употреба. Ова може значително да го
намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Менување на брусниот лист
Пред да ставите нов брусен лист, отстранете ги
нечистотијата и правта од брусната плоча (2), на пр. со
четкичка.
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на основната брусна плоча.
Брусни листови со леплива лента
Ако брусната плоча (2) е опремена со леплива лента,
брусните листови можете брзо и едноставно да ги
прицврстите со лепливата лента.
Истресете ја леплива лента од брусната плоча (2) пред да
ја наместите на брусниот лист (4), за да овозможите
добро слепување.
Брусниот лист (4) ставете го израмнето на едната страна
од брусната плоча (2), потоа поставете го брусниот лист
на брусната плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист (4) фатете го за врвот и
извлечете го од брусната плоча (2).
Брусни листови без леплива лента (види слики A1–
A3)
❶ Притиснете на копчето за отклучување (5) и држете
го притиснато.
❷ Водете го брусниот лист (4) до крај под отворениот
преден терминален блок (6) и отпуштете го копчето
за отклучување (5). Внимавајте на затегнатоста на
брусниот лист во средината.
❸ Притиснете го затезниот стремен (3) навнатре и
навалете го до крај.
❹ Брусниот лист (4) поставете го цврсто околу брусната
плоча. Водете го другиот крај на брусниот лист (4)
помеѓу задниот терминален блок и црвениот валјак на
затезниот стремен (3).
❺ Држете го брусниот лист затегнат и притиснете на
затезниот стремен (3) во правец на брусната плоча,
за да го фиксирате брусниот лист.
Bosch Power Tools
Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во
ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со
алатот за дупчење (14) за всисување на прав.
Електричниот алат со монтиран брусен лист притиснете
го на алатот за дупчење (види слика D).
За да го извадите брусниот лист (4) олабавете гo
затезниот стремен (3) и извлечете го брусниот лист од
неговиот заден држач. Притиснете го копчето за
отклучување (5) и целосно извадете го брусниот лист.
Избор на брусен лист
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање на површината, на располагање ви се
различни брусни ленти:
За обработка на сите дрвени материјали
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини
За завршно и фино брусење на
цврсти дрва
За обработка на обоени/лакирани слоеви
одн. подлоги, како маса за полнење и
шпахтел маса
За брусење на боја
За брусење на основната боја
За крајно брусење на основната
боја пред лакирање
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2 .
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Македонски | 109
Гранулација
40 – 240
грубо
40, 60
среден 80, 120
фино
180, 240
40 – 240
грубо
40, 60
среден 80, 120
фино
180, 240
1 609 92A 4JB | (19.07.2018)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières