Bosch GWX 18V-8 Professional Notice Originale page 248

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 27
248 | Македонски
Нивото на вибрации наведенo во овие упатства е
измеренo со нормирана постапка за мерење и може да
се користи за меѓусебна споредба на електрични алати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена
на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може
да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително
да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот
на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (6) има два степени на блокирање, што
спречуваат, да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата (7).
Се додека е вметната батеријата во електричниот уред,
таа се држи во позиција со помош на федер.
1 609 92A 51E | (29.07.2019)
За да ја извадите батеријата (6) притиснете на копчето за
отворање (7) и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата (тип на
батерија GBA 18V...) (види слика A)
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата (22) ја покажуваат наполнетоста на
батеријата (6). Од безбедносни причини, наполнетоста
на батеријата може да ја проверите само доколку
електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето (21), за да се прикаже
наполнетоста на батеријата. Ова исто така е возможно и
со извадена батерија (6).
LED светилки
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Доколку по притискањето на копчето (21) не свети LED-
светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Приказ за наполнетост на батеријата (тип на
батерија ProCORE 18V...) (види слика B)
Петте зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на
батеријата (24) ја покажуваат состојбата на наполнетост
на батеријата (6). Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост може да ја проверите само доколку
електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето (23), за да се прикаже состојбата
на наполнетост на батеријата. Ова исто така е возможно и
со извадена батерија.
LED светилки
Трајно светло 5× зелено
Трајно светло 4× зелено
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Доколку по притискањето на копчето (23) не свети LED
светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Капацитет
≥66 %
≥33 %
<33 %
Резерва
Капацитет
80−100 %
60−80 %
40−60 %
20−40 %
5−20 %
0−5 %
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières