Télécharger Imprimer la page

Ferm JSM1023 Traduction De La Notice Originale page 130

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
Носете маска за заштита од прашина.
Двојна изолација.
Не го депонирајте производот во
несоодветни садови.
Производот е во согласност со
важечките стандарди за безбедност
во Европските смерници.
Дополнителни безбедносни предупредувања
за убодна пила со осцилаторно дејство.
Не обработувајте материјали кои содржат
азбест. Азбестот е канцероген.
Носете заштитни очила, заштита за ушите
и по потреба заштитна опрема, како
заштитни ракавици, чевли итн.
Пред работа од работното парче
отстранете шајки и други метални
предмети.
Проверете го потпирањето или стегањето
на парчето.
Не ja користете машината без браник.
Пред секое користење проверете го листот
за пилата. Не користете тапи, пукнати,
искинати или листови со било какво
оштетување.
Проверете дали е правилно монтиран
листот.
Користете листови кои се предвидени за
оваа машина.
Користете листови со точни димензии.
Не користете друг прибор освен листови за
пила.
Не користете HSS листови.
Не ја користете машината за обработка
на делови на длабини кои ја надминуваат
максималната длабина на листот.
Држете ја машината за изолираните дршки,
ако листот може да дојде во контакт со
скриени жици или со сопствен кабел. Ако
листот допре „жива" жица, металните
делови на машината исто така стануваат
„живи". Ризик од струен удар.
Пуштете ја машината да работи без
оптеретување после монтирање на листот.
Ако машината силно вибрира, веднаш
исклучете ја, извадете го кабелот од струја
130
и обидете се да го решите проблемот.
Листот продолжува да се движи краток
период по исклучување на машината. Не се
обидувајте да го сопрете листот.
Повратен удар
Повратен удар е нагорно и надолно движење
на листот кога неочекувано ќе допре предмет.
Сигурно држете ја машината за време на
работа. Вниманието заджете го кон работата
која ја изведувате.
Повратниот удар обично настанува при:
- ненамерно допирање на тврди предмети
или материјали со подвижен лист;
- тап лист;
- непрописно монтирање на лист
- сечење во претходен рез;
- намалено внимание на работата;
- нестабилна положба.
Електрична безбедност
Секогаш проверувајте дали напонот
на напојувањето одговара на
наведениот напон на плочката.
Не ја користете машината ако е оштетен
кабелот или приклучокот.
Користете продолжни кабли кои
одговараат на моќност на машината, со
минимален попречен пресек од 1,5 mm2.
Ако користите продолжен кабел во ролна,
целосно одмотајте го.
Замена на мрежен приклучок (само за ВБ)
Ако 3-полниот приклучок приклучен во
единицата е оштетен и треба да се замени,
важно е прописно да се уништи и да се
замени со одобрен од страна на BS 1363/5A
осигурителен приклучок и дека се запазени
следните упатства за ожичување.
Жиците во мрежниот кабел се обоени во
согласност со следниов код:
сина
неутрална
кафеава
жива
Бидејќи боите на жиците во мрежниот
кабел не одговараат на обоените ознаки
за идентификација на терминалите во
приклучокот, постапете на следниот начин:

Publicité

loading