Bosch GWS 22-180 LVI Professional Notice Originale page 181

Masquer les pouces Voir aussi pour GWS 22-180 LVI Professional:
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-1528-003.book Page 181 Friday, August 19, 2016 12:27 PM
Специјални безбедносни напомени за
брусење со брусна хартија
 Не користете предимензионирани брусни листови,
туку следете ги податоците на производителот за
големината на брусниот лист. Брусните листови, кои
стрчат над брусните дискови, може да предизвикаат
повреди како и блокирање, кинење на брусните
листови или повратен удар.
Специјални безбедносни напомени за
работење со жичани четки
 Внимавајте на тоа дека и за време на вообичаената
употреба на жичаните четки, може да се изгубат
делови од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците
со висок притисок на површината. Деловите од
жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека
и/или во кожата.
 Доколку користите заштитна хауба, не дозволувајте
таа да дојде во контакт со жичаните четки. Четките во
облик на чинија или лонец, заради притисокот и
центрифугалната сила може да го зголемат својот
дијаметар.
Останати напомени за безбедност и
работење
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Bosch Power Tools
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 По кршењето на брусната плоча за време на работата
или при оштетување на уредот за прифат на заштитната
хауба/електричниот апарат, електричниот апарат мора
да се прати во сервисната служба, за адресата
погледнете во делот „Сервисна служба и совети при
користење".
 Поставете ја заштитната хауба на тој начин што ќе го
спречи летањето на искри во правец на лицето што
ја користи.
 Може да ја промените затезната сила на затворачот на
заштитната хауба со олабавување или затегање на
шрафот за подесување . Внимавајте на стабилното
лежиште на заштитната хауба и редовно контролирајте
го.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
 Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
 По монтажата на брусниот апарат, пред
вклучувањето, проверете дали брусниот апарат е
точно монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали брусниот апарат не струга на
заштитната хауба или другите делови.
 При користење на електричниот алат на мобилни
произведувачи на струја (генератори), може да дојде
до пад на моќноста или нетипична реакција при
вклучувањето.
 Доколку електричниот апарат сè уште работи со многу
намален број на вртежи, исклучувањето во случај на
повратен удар не работи. Доколку електричниот апарат
стартува веднаш по вклучувањето со полн број на
вртежи, ограничувањето на стартната струја, заштитата
од рестартирање и исклучувањето на повратниот удар
се исклучени. Електричниот апарат мора веднаш да се
достави во сервисната служба, видете ги адресите во
дел „Сервисна служба и совети при користење".
 Во случај на кратки енергетски пулсови во мрежата за
напојување, што вообичаено настануваат поради удари
од гром, може да се активира исклучувањето во случај
на повратен удар на електричниот апарат. Во ваков
случај, електричниот апарат се исклучува, но потоа
може веднаш да се стартува.
Доколку не го употребувате апаратот, извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна. Дури и кога е
исклучен електричниот апарат има мала потрошувачка на
струја-доколку струјниот приклучок е вклучен и доколку
има струја.
Македонски | 181
1 609 92A 2CB | (19.8.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières