Bosch GKS 600 Professional Notice Originale page 153

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS 600 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-2756-002.book Page 153 Wednesday, August 31, 2016 4:02 PM
Вшмукување на прав/струготини
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на адаптерот за вшмукување
(види слика C)
Ставете го адаптерот за вшмукување 26 на исфрлувачот
на струготини 13 додека не се вклопи. Обезбедете го
адаптерот за вшмукување 26 дополнително со завртка 27.
На адаптерот за вшмукување 26 може да се приклучи
црево за вшмукување со дијаметар од 35 mm.
 Адаптерот за вшмукување не смее да се монтира
без приклучено надворешно вшмукување. Инаку
каналот за вшмукување може да се запуши.
 На адаптерот за вшмукување не смее да се
приклучува вреќичка за прав. Инаку системот за
вшмукување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално вшмукување,
адаптерот за вшмукување 26 мора редовно да се чисти.
Надворешно вшмукување
Цревото за вшмукување поврзете го со вшмукувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните
видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од
ова упатство.
Електричниот апарат може да се приклучи директно на
конекторот на Bosch-универзален вшмукувач со уред за
далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот апарат.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Bosch Power Tools
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Подесување на длабочината на сечење (види слика D)
 Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, смее да се види помалку од полната
висина на запците.
Отпуштете го затезниот лост 28. За помала длабочина на
сечење тргнете ја пилата од основната плоча 11, а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча 11.
Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина
на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезниот лост
28.
Доколку по отпуштањето на затезниот лост 28
длабочината на сечење не може целосно да се подеси,
извлечете го затезниот лост 28 од пилата и навалете го
надолу. Повторно отпуштете го затезниот лост 28.
Повторете ја оваа постапка, додека не ја подесите
саканата длабочина на сечење.
Доколку по стегнувањето на затезниот лост 28
длабочината на сечење не може целосно да се фиксира,
извлечете го затезниот лост 28 од пилата и навалете го
нагоре. Повторно отпуштете го затезниот лост 28.
Повторете ја оваа постапка, додека не ја фиксирате
длабочината на сечење.
Подесување на закосениот агол
Отшрафете ја пеперутка-завртката 5. Навалувајте ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата 4. Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката 5.
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење 29.
Ознаки за сечење
45
0
Ознаката за сечење 0° 8 ја прикажува позицијата на листот
од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за сечење
45° 7 ја прикажува позицијата на листот од пилата при 45°-
рез.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро
е да направите пробен рез.
Македонски | 153
45
0
1 609 92A 3BP | (31.8.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières