Télécharger Imprimer la page

Beko RFNE312E43WN Manuel D'utilisation page 426

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 52
Користење на производот
стврдне при замрзнувањето може да ја
продупчи амбалажата. Исто така, многу е
важно добро да го затворите пакувањето
за храната да биде добро складирана.
Следниве видови амбалажа се погодни за
замрзнување на храна:
Полиетиленска кеса, алуминиумска фолија,
пластична фолија, вакуум кеси и садови со
капак отпорни на мраз.
Следниве видови амбалажа не се
препорачливи за замрзнување на храна:
Хартија за пакување, хартија за печење,
целофан, кеса за отпадоци, употребувани
кеси и кеси за пазарување.
•Во замрзнувачот не смее да се става жешка
храна без претходно да се олади.
•Кога во замрзнувачот ставате незамрзната
свежа храна, обрнете внимание да не дојде во
допир со замрзнатите прехрамбени продукти.
Кул-пакетот (PCM) може да се стави на
решетката веднаш под решетката за брзо
замрзнување за да не се затопли.
•Додека трае замрзнувањето (24 часа) не
ставајте друга храна во замрзнувачот.
•Распоредувајте ги прехрамбените продукти
на полиците или решетките за замрзнување
на таков начин што нема да бидат натрупани
(препорачливо е пакувањата да не се
допираат).
•Замрзнатата храна мора да се конзумира
кратко време откако ќе се одмрзне и не смее
повторно да се замрзнува.
•Не ги блокирајте отворите за вентилација
ставајќи ја смрзнатата храна пред отворите
за вентилација што се наоѓаат на задната
површина на замрзнувачот.
Фрижидер/Упатство за употреба
•Препорачливо е да ставите етикета на секое
пакување и да напишете кој прехрамбен
продукт е во пакувањето и кога е замрзнат.
•Храна погодна за замрзнување:
Риба и морска храна, црвено и бело месо,
пилешко, зелечук, овошје, растителни зачини,
млечни производи (како што се сирење, путер
и процеден јогурт), печива, готови или готвени
јадења, јадења од компири, суфле и десерти.
•Храна што не е погодна за замрзнување:
Јогурт, кисело млеко, крем, мајонез, марула,
црвена ротквица, грозје, сите овоштија (како
што се јаболка, круши и праски).
•За брзо и длабоко замрзнувае на
прехрамбените продукти не смеат да се
надминат следниве количества на едно
пакување.
-Овошје и зеленчук, 0,5-1 kg
-Месо, 1-1,5 kg
•Мало количество храна (максимум 2 kg)
може да се замрзне и без функцијата за брзо
замрзнување.
За да се постигне најдобар резултат, следете
ги следниве упатства:
1.Активирајте ја функцијата за брзо
замрзнување 24 часа пред да ја ставите
свежата храна.
2. После 24 часа од притискањето на копчето,
најнапред ставете ја храната што сакате да
ја замрзнете во третата фиока оддолу со
поголем капацитет на замрзнување. Ако Ви
останала храна, ставете ја во предниот дел од
втората фиока оддолу.
3. Функцијата за брзо замрзнување ќе биде
автоматски деактивирана по 50 часа.
4. Не се обидувајте да замрзнете
одеднаш големи количини храна. За 24
часа замрзнувачот може да го замрзне
максималното количество храна наведено
17/27МК

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Rfne312e43xn