Bosch PAS 18 LI Notice Originale page 82

Masquer les pouces Voir aussi pour PAS 18 LI:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
OBJ_BUCH-2155-002.book Page 82 Wednesday, March 19, 2014 2:57 PM
82 | Македонски
 По автоматското исклучување на вшмукувачот, не
притискајте на прекинувачот за вклучување/
исклучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата (види слики A1 –A2)
Батеријата 3 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 11.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
– За вадење на батеријата 3 притиснете на копчето за
исклучување 11 и извлечете ја батеријата наназад од
вшмукувачот. Притоа не употребувајте сила.
Монтирање на опремата за вшмукување
(види слика B)
 Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
Опремата за вшмукување може да се спои директно со
контејнерот за прав 5.
Можностите за комбинирање на различните делови
опрема за вшмукувачот може да ги видите на сликата.
– Вметнете ги деловите од опремата за вшмукувачот
цврсто во приклучокот на контејнерот за прав 5 еден во
друг.
Употреба
 Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
Ставање во употреба
 Не го користете вшмукувачот во ладна околина.
Навлегувањето на дожд и влага во горниот дел на
вшмукувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
 Пред да почнете со вшмукувањето осигурете се
дека филтерската единица е цврсто монтирана.
 Користете само неоштетени филтери (без процепи,
дупки итн.). Веднаш заменете го оштетениот
филтер.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот
само доколку го користите.
– За вклучување на вшмукувачот, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 нанапред
(правец ON).
– За исклучување на вшмукувачот, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 наназад
(правец OFF).
1 609 92A 0J0 | (19.3.14)
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
 Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
– Повремено исчистете го куќиштето на вшмукувачот со
влажна крпа.
– Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува
крпа.
Чистење на комората за прав
(погледнете ги сликите C1 –C3)
Исчистете ја комората за прав 5 по секоја употреба, за да
го одржите максималниот капацитет на вшмукувачот.
– Притиснете на копчето за отклучување 1 и извадете ја
комората за прав 5 од куќиштето за моторот 4.
Извадете ја филтерската единица 12 од контејнерот за
прав.
– Истресете ја комората за прав 5 над еден соодветен сад
за отпад.
– Доколку е потребно, исчистете ја комората за прав со
една влажна крпа.
Доколку е потребно, исчистете ја филтерската единица
(види „Чистење на филтерската единица", страна 82).
– Повторно ставете ја филтерската единица 12 во
контејнерот за прав 5.
Прикачете ја комората за прав долу во куќиштето на
моторот и притиснете ја малку за да се вклопи.
Чистење на филтерската единица (види слики D1 –D3)
– Притиснете на копчето за отклучување 1 и извадете ја
комората за прав 5 од куќиштето за моторот 4.
Извадете ја филтерската единица 12 од контејнерот за
прав.
– Одвртете го поклопецот на филтерот 13 од дихтунгот на
филтерот 14.
Извадете го филтерот 15 од поклопецот 13.
– Исчеткајте ги ламелите на филтерот со меко метличе.
– Вградувањето се врши по обратен редослед.
Чување
– Ставете ја опремата за вшмукување во држачот
предвиден за таа намена 8 на вшмукувачот.
Дефекти
Проверете при недоволна јачина на вшмукување:
– Дали е полна комората за прав 5?
▷ Види „Чистење на комората за прав", страна 82.
– Дали филтерот 15 е запушен со прав?
▷ Види „Чистење на филтерската единица", страна 82.
– Дали е преслаб капацитетот на батеријата?
▷ Види „Полнење на батеријата", страна 81.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières