Bosch AXT 22 D Notice Originale page 205

Masquer les pouces Voir aussi pour AXT 22 D:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 23
Продолжен кабел со помала квадратура од наведената
значително ја намалува ефикасноста на уредот. Каблите
долги до 25 м мора да имаат пресек од најмалку
2
3 x 1,5 mm
додека каблите подолги од 25 м мора да имаат
2
пресек од 2,5 mm
најмалку.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните продолжни
кабли можат да бидат опасни. Продолжниот кабел,
утикачот и спојот со продолжниот кабел мораат да
бидат водоотпорни.
Споевите на каблите треба да бидат суви и да не лежат во
вода.
За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД)
кој се активира на отстапување од 30 mA. Резидуалниот
уред треба да се проверува пред секоја употреба.
Доколку напојниот кабел е оштетен мора да го поправи
Бош електричар.
При употреба на навој, кабелот мора да биде сосем
одмотан.
Монтажа
Извадете го уредот од пакувањето. (види слики A–D).
Монтажа на собирниот филтер (види ги
сликите E–F)
Подигнете го заштитниот капак 13 нагоре.
Закачете го собирниот филтер 8 во уредот и
пуштете го капакот 13 .
Притиснете го собирниот филтер 8 надолу и
завртете ја црвената навртка 9 до крај да го
фиксирате собирниот филтер 8 во насока на
стрелките на часовникот; потребни се околу 5 на
црвената навртка 9.
Употреба
Ставање во употреба (види слика G)
Уредот секогаш поставувајте го на цврста, рамна
површина. Не навалувајте го и не наведнувајте го
уредот додека работи.
Моторот продолжува да работи и после гаснењето!
Исчистете ја земјата од корењата. Странски објекти како
камења, стакло, метал, текстил и пластика не смеат да се
ставаат во собирниот филтер 8. Во спротивност ролерот
16 може да се оштети.
Собирниот филтер 8 мора да биде празен.
Вклучување
Притиснете го зеленото копче 4.
Гасење
Притиснете го црвеното стоп-копче 5.
Почекајте две секунди пред повторно да го вклучите
уредот за да не ја оштетите механиката.
Bosch Power Tools
Заштита од рестартирање
При прекин на струјата уредот се гасне. При повторно
доаѓање на струјата уредот не може сам повторно да се
вклучи.
Спротивна насока
Притиснете го и држете го жолтото копче 6, за да го
придвижите моторот во спротивна насока.
Ролерот 16 ќе се заротира во спротивна насока за да се
одглави заглавениот материјал.
Заштита од преоптоварување
При големо оптоварување (на пример при заглавување на
ролерот 16) уредот после неколку секунди застанува и
испушта звучен сигнал.
Притиснете го црвеното стоп-копче за да ја отстраните
пречката. Повторно стартувајте го уредот во правата
насока.
Притиснете го и држете го жолтото копче 6 за да го
одглавите заглавениот предмет.
Ако веднаш го стартувате уредот во истата насока, тој нема
да почне со работа и ќе испушта звучен сигнал.
Ако пречката е заглавена, мора да се отвори притисната
плоча 15 од сечилото.
Собирниот филтер 10 мора да се врати малку наназад за
да се одглави «заглавениот» материјал. Притисната плоча
15 ќе треба да се корегира (види «Прилагодување на
притисната плоча (види слика H)»).
Совети при работењето
При употреба на уредот секогаш носете заштитни
очила. заштита за слухот и крути чевли.
Пред употреба проверете да се исправно монтирани
собирната кутија и собирниот филтер.
Уредот е опремен со сензори. Ако собирната кутија 11 или
собирниот филтер 8 не се правилно монтирани, уредот не
работи и испушта звучен сигнал (кај AXT 23 TC/25 TC/
2550 TC истовремено трепкаат 2 LED сијалички 14).
Притиснете го црвеното стоп-копче за да ја отстраните
пречката.
Принесете го материјалот што сакате да го здробите.
Принесениот материјал ќе го преземе ролерот за сечење
16 автоматски.
Долги предмети коишто висат од уредот можат да
замавнат; одржувајте безбедно растојание!
– Не ставајте премногу материјал во собирниот филтер 8
за да не се заглави.
– Материјалот што го дробите треба да е влажен и
одлежан неколку дена заедно со гранки.
Ова спречува заглавување на ролерот 16.
– Не ставајте мек отпад во уредот како на пример кујнски
остатоци. Нив можете директно да ги оставате да се
разградат.
– Обратете внимание дека отпадот слободно паѓа низ
отпусниот отвор и постои опасност да се врати –
наназад!
Македонски | 205
F 016 L81 437 | (23.11.15)

Hide quick links:

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Axt 25 dAxt 23 tcAxt 25 tcAxt 2550 tc

Table des Matières