Bosch GMF 1600 CE Professional Notice Originale page 201

Masquer les pouces Voir aussi pour GMF 1600 CE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
OBJ_BUCH-1178-004.book Page 201 Wednesday, April 30, 2014 10:24 AM
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Вметнување на моторот за глодање во
единицата за вдлабнување/копирање (види
слики A–B)
– Отворете го затезниот лост за единицата за
вдлабнување/копирање 22.
– Притиснете го моторот за глодање до крај во единицата
за вдлабнување/копирање.
– Доколку ја користите единицата за копирање 3
притиснете на затезниот лост 25 и притиснете го
моторот за глодање 1 во единицата за копирање 3
нагоре или надолу во зависност од саканата позиција, а
затезниот лост не е повеќе притиснат, додека не се
фиксира 25 во еден од 3-те жлеба 26.
– Затворете го затезниот лост за единицата за
вдлабнување/копирање 22.
– Подесете ја саканата длабочина на глодање,
погледнете во делот „Подесување на длабочината на
глодање".
Одвојување на моторот за глодање од единицата за
вдлабнување/копирање (види слика C)
– Отворете го затезниот лост за единицата за
вдлабнување/копирање 22.
– Повлечете го моторот за глодање до крај и држете го во
оваа позиција.
– Притиснете го безбедносното копче 21 и извлечете го
целосно моторот за глодање од единицата за
вдлабнување/копирање. Доколку ја користите
единицата за копирање 3 дополнително притиснете го
затезниот лост 25.
Монтажа на алатот на глодалката
(види слика D)
 При ставање и менување на алатот на глодалката се
препорачува носење на заштитни ракавици.
Според целта на примената, глодалките се расположливи
во најразлична изведба и квалитет.
Глодалките од висококвалитетен челик за брзо сечење
(HSS) се погодни за обработка на меки материјали како на
пр. меко дрво и пластика.
Глодалки за сечење на цврст метал (HM) се специјално
наменети за цврсти и абразивни материјали како на пр.
цврсто дрво и алуминиум.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема
од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Доколку е возможно, користете алат за глодалка со
дијаметар на осовината од 12 мм. Употребувајте само
беспрекорни алати за глодалки.
Алатот за глодање може да го замените дури и кога е
вметнат моторот за глодање во единицата за
вдлабнување/копирање. Ние сепак препорачуваме
промена на алатот доколку е демонтиран моторот за
глодање.
Bosch Power Tools
– Извадете го моторот за глодање од единицата за
вдлабнување/копирање.
– Притиснете го копчето за фиксирање на вратилото 27
() и држете го цврсто. Доколку е потребно, рачно
свртете го малку вретеното, додека не се фиксира.
Активирајте го копчето за фиксирање на вратилото
27 само во состојба на мирување.
– Олабавете ја претурната навртка 17 со вилушкаст клуч
28 (ширина на клучот 24 мм) со вртење во правец
спротивен на стрелките на часовникот ().
– Ставете го алатот за глодање во затезната чаура.
Вратилото на глодалката мора да биде вметнато
најмалку 20 мм во затезната чаура.
– Цврсто затегнете ја претурната навртка 17 со
вилушкаст клуч 28 (ширина на клучот 24 мм) со вртење
во правец на стрелките на часовникот. Отпуштете го
копчето за блокадата на вретеното 27.
 Без монтирана чаура за копирање, не поставувајте
алат за глодање со дијаметар поголем од 50 мм. Овие
алати за глодање не поминуваат низ основната плоча.
 Во никој случај не ја затегајте затезната чаура со
преклопна навртка, доколку не е монтиран алат за
глодање. Инаку, затезната чаура може да се оштети.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на адаптерот за вшмукување на единицата
за вдлабнување (види слика E)
Адаптерот за вшмукување 30 може да се монтира
нанапред или наназад со помош на приклучокот за црево.
Доколку е вметнат адаптерот за копирната чаура 50, кога
е потребно, мора да се монтира адаптерот за копирната
чаура свртен за 180°, за адаптерот за вшмукување 30 да
не го допира лостот за деблокирање 52. Прицврстете го
адаптерот за вшмукување 30 со 2-та назабени шрафа 29
на основната плоча 13.
Македонски | 201
1 609 92A 0B3 | (30.4.14)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gof 1600 ce professionalGkf 1600 ce professional

Table des Matières