Bosch GCD 12 JL Professional Notice Originale page 233

Tronçonneuse à métaux
Masquer les pouces Voir aussi pour GCD 12 JL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 29
Не се обидувајте никогаш сечилото за пила што се
врти да го вадите од резот, бидејќи може да
настане повратен удар. Откријте ја и поправете ја
причината за заглавувањето.
Не го вклучувајте повторно електричниот алат,
u
додека се наоѓа во делот што се обработува.
Оставете сечилото за пила да го постигне
целосниот вртежен момент, пред да продолжите со
резот. Инаку, сечилото за пила може да се заглави, да
излета од делот што се обработува или да предизвика
повратен удар.
Потпрете ги големите делови што се обработуваат,
u
за да избегнете ризик од повратен удар поради
заглавено сечило за пила. Големите делови што се
обработуваат може да се свиткаат поради нивната
тежина. Делот што се обработува мора да го потпрете
на двете страни од сечилото за пила, во близина на
линијата на сечење и на работ.
Користете стегачи за држење на делот што се
u
обработува кога постои можност. Ако го потпирате
делот што се обработува со рака, раката постојано
мора да биде на оддалеченост од најмалку 100 mm
од двете страни на сечилото од пилата. Не ја
користете оваа пила за сечење на многу мали
парчиња што не може безбедно да се зацврстат или
да се држат со рака. Ако раката ја ставите премногу
блиску до сечилото на пилата, постои голема опасност
од повреда ако го допрете сечилото.
Делот што се обработува мора да биде статичен и
u
прицврстен, или да се држи и за граничникот и за
масата. Не го ставајте делот што се обработува во
сечилото или жлебот со слободна рака. Слободен
или неприцврстен дел што се обработува може да се
отфрли со голема брзина и да предизвика повреда.
Притиснете ја пилата низ делот што се обработува.
u
Не ја влечете пилата низ делот што се обработува.
За да пресечете, подигнете ја главата на пилата и
повлечете ја преку делот што се обработува без
сечење, вклучете го моторот, притиснете ја главата
на пилата надолу и турнете ја пилата низ делот. Со
повлекување на пилата додека сечете сечилото може
да се искачи на врвот на делот што се обработува и
силно да го отфрли склопот на сечилото кон
операторот.
Не ги прекрстувајте рацете врз одредената линија
u
за сечење пред и зад сечилото на пилата. Држење
на делот што се обработува со вкрстени раце т.е.
држење на делот на десната страна од сечилото на
пилата со лева рака или обратно е многу опасно.
Не фаќајте зад граничникот кај ротирачкото сечило
u
за пила. Никогаш не надминувајте безбедносно
растојание од 100 mm меѓу раката и ротирачкото
сечило за пила (важи за двете страни на сечилото
за пила). Можно е да не може да се препознае
близината на ротирачкото сечило за пила до Вашата
рака и можете да се здобиете со сериозни повреди.
Bosch Power Tools
Разгледајте го делот што се обработува пред да
u
започнете со сечење. Ако делот што се обработува
е накривен или навален, прицврстете ја
надворешната навалена страна на граничникот.
Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу
делот што се обработува, граничникот и масата
покрај линијата на сечење. Накривен или навален
дел што се обработува може да се извитка или помести
и да предизвика виткање на сечилото кое ротира при
сечење. Не смее да има шајки или други надворешни
предмети во делот што се обработува.
Користете го електричниот алат откако на масата
u
нема да има алати; на масата треба да се наоѓа
само делот за обработка. Малите парчиња или
другите предмети, кои доаѓаат во контакт со
ротирачкото сечило за пила може да летнат кон
корисникот со голема брзина.
Сечете само еден дел истовремено. Повеќе
u
парчиња не може соодветно да се зацврстат или
поврзат и може да се фатат за сечилото или да се
изместат во текот на сечењето.
Погрижете се електричниот алат да биде на рамна
u
цврста површина пред употребата. Рамна цврста
работна површина ја намалува опасноста од
нестабилност на електричниот алат.
Испланирајте ја работата. Кога ќе ја промените
u
косината или подесениот агол на закосување,
проверете дали граничникот кој се подесува е
правилно поставен за држење на делот што се
обработува и дека нема да го попречува сечилото
или заштитниот систем. Без вклучување на алатот на
„ON" и без делот што се обработува на масата, движете
го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек
за да проверите дали има некакви пречки или
опасност да се пресече граничникот.
Погрижете се деловите за обработка кои се
u
подолги или пошироки од горната страна на масата
да имаат соодветна потпора, на пр. со
продолжетоци за маса или сталаци за сечење.
Деловите за обработка кои се подолги или пошироки
од масата на електричниот алат може да се превртат
ако не се прицврстени. Ако исечено парче метал или
дел за обработка се преврти, може да го крене
долниот заштитен капак или неконтролирано да се
исфрли од ротирачкото сечило.
Не користете друго лице како замена за додаток на
u
масата или како дополнителен држач. Нестабилен
држач за делот што се обработува може да предизвика
зафаќање на сечилото или поместување на делот што
се обработува во текот на сечењето и да ве повлече
вас и помошникот кон ротирачкото сечило.
Отсечен дел не смее да се заглави или притиска кон
u
ротирачкото сечило. Ако е ограничено, т.е. со помош
на граничниците за должина, исечениот дел може да
се заглави на сечилото и силно да се отфрли.
Постојано користете стега или прицврстувач
u
правилно дизајниран за држење на тркалезен
Македонски | 233
1 609 92A 4SP | (26.02.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

3 601 m28 0 série018717380601b28000

Table des Matières