Регулација На Минимум; Гориво; Одложување - GGP ITALY SPA B 26 J Manuel D'utilisation

Masquer les pouces Voir aussi pour B 26 J:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 234
8.5.1 Острење/порамнување
на сечивото
Од безбедносни причини, острењето
и балансирањето мора да се изведат во
специјализиран центар кој располага
со стручност и соодветни алатки за
извршување на оваа работа без да
се ризикува оштетување на сечивото
и да се предизвика небезбедна
состојба во текот на работата.
Ножевите со 3 запци се користат од обете
страни. Кога едната страна на запците ќе
се затапи, ножот може да се сврти и да
се користи другата страна на запците.
Кога и двете страни се изабени,
треба добро да се наострат.
Сечивото за пилата не се
користи од обете страни и треба да
се користи само од една страна.
8.5.2 Замена на сечивото
Сечивото никогаш не смее да
се поправа, туку мора да се замени
штом ќе се забележат зачетоци на
оштетување или кога ќе се достигне
дозволениот лимит за острење.
Погледнете ги поглавјата 4.5.3 и. 4.5.4.
околу постапката за замена.
8.5.3 Замена на конецот во макарата
Следете го редоследот што
е посочен на (сл. 34).
8.6 ОСТРЕЊЕ НА НОЖИЧКИТЕ
ЗА СЕЧЕЊЕ НА КОНЕЦОТ
1. Извадете ги ножичките се сечење на
конецот (сл. 33.А) од заштитата (сл. 33.B)
отшрафувајќи ги шрафовите (сл. 33.C).
2. Фиксирајте ги ножичките се сечење на
конецот (сл. 33.А) на менгеме и почнете
да острите со помош на рамна турпија
обрнувајќи внимание да се одржува
аголот на првичната закосеност.
3. Поставете ги ножичките се сечење на
конецот (сл. 33.А) во заштитата (сл. 33.B).
8.7 РЕГУЛАЦИЈА НА МИНИМУМ
Ако уредот за сечење се движи
кога моторот е на минимум, треба
да контактирате со застапникот за
правилна работа на моторот.
8.8 ГОРИВО
Карбураторот се регулира во фабрика
во режим да дава максимални резултати
во секоја ситуација на користење, со
минимално емитирање на штетни гасови
и во согласност со важечките закони.
Во случај на лоша изведба, обратете
се кај застапникот да ги провери
карбураторот и моторот.
9. ОДЛОЖУВАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што
треба да се следат во текот на ракување се
наведени во пас. 2.4. Строго придржувајте
се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
Аконема да ја користите машината повеќе
од 2-3 месеци, треба да се применат
неколку решенија за да се избегнат
потешкотии при обновување на работата
или трајни оштетувања на моторот.
Пред одлагање на машината:
1. Испразнете го резервоарот на
отворено и кога моторот е студен.
2. Вклучете го моторот и одржувајте го во
минимален режим на работа сè додека
не се изгасне за да го потроши целото
гориво што останало во карбураторот.
3. Оставете го моторот да се излади.
4. Отстранете го капачето на
свеќичката (сл. 18.H).
5. Исчистете ја темелно машината.
6. Проверете дали на машината
има оштетувања. Ако е
потребно, контактирајте со
овластен сервисен центар.
7. Одложете ја машината:
– во сува просторија
– и засолнета од лоши временски услови
– со правилно поставена
заштита за сечивото
– и на место надвор од дофатот на децата,
– уверувајќи дека сте ги тргнале
клучевите и опремата што ја
користевте при одржувањето.
MK - 18

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières