Homa HCM-7520 Instructions D'utilisation page 45

850 w, 230v/50hz
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
MK: АПАРАТ ЗА ЕСПРЕСО | Упатство за употреба
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
Кога го користите Вашиот електричен апарат, секогаш треба да ги почитувате основните мерки на претпазливост,
вклучувајќи:
1. Прочитајте ги сите упатства.
2. Пред употреба, проверете дали напонот на штекерот одговара на номиналниот напон што е наведен на
налепницата со спецификации.
3. Овој апарат е опремен со заземјен приклучок. Проверете дали штекерите во вашиот дом се добро заземјени.
4. За да спречите пожар, електричен удар или повреди на лица, не потопувајте ги во вода или други течности
деловите на апаратот, кабелот или приклучокот.
5. Апаратот не смее да се потопува во вода или други течности.
6. Извадете го приклучокот од штекер пред чистење и кога не го користите апаратот. Дозволете апаратот целосно да
се излади пред да го наместите, пред да поставате додатоци или пред да го чистите.
7. Не користете апарат со оштетен кабел или приклучок или откако апаратот одбил да работи по паѓање или
оштетување на кој било начин. Oднесете го апаратот во најблискиот овластен сервис за проверка, за поправка
или за електрично или рачно подесување.
8. Употребата на додатоци кои не ги препорачува производителот на апаратот може да предизвикаат пожар,
електричен удар или повреди.
9. Ставете го апаратот на рамна површина или на маса, не закачувајте го кабелот за напојување преку работ на
масата или површината.
10. Осигурете се дека кабелот за напојување не допира жешка површина на апаратот.
11. Не ставајте ја машината за кафе на жешка површина или близу до отворен оган за да избегнете оштетување.
12. За да го исклучите апаратот, извадете го приклучокот од ѕидниот штекер. Секогаш фатете го приклучокот. Никогаш
не повлекувајте го кабелот.
13. Користете го апаратот само за неговата намена и ставете го на суво место.
14. Пазете да не се изгорите од пареата.
15. Не ги допирајте жешките површини на апаратот (пр. прскалките за пареа и челичниот филтер). Користете дршки
или рачки.
16. Не дозволувајте машината за кафе да работи без вода.
17. НЕ отстранувајте ја рачката додека правите кафе. Отстранете ја рачката повеќе од 10 секунди за да направите
второ кафе после првото кафе. Бидете внимателни при отстранување на рачката, бидејќи металните делови
ќе бидат жешки. Фатете ја пластичната рачка и употребете го клипот што го држи филтерот за да го исфрлите
смеленото кафе. Треба да бидете претпазливи кога го преместувате апаратот а во него има жешка течност.
18. Ставете го приклучокот во ѕидниот штекер пред да го користите апаратот. Исклучете ги сите прекинувачи пред да
го извадите приклучокот од штекерот.
19. Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сензорни или ментални
способности или оние кои немаат искуство и знаење ако се надгледувани или упатени за безбедно користење
на апаратот и под услов да ги разбираат опасностите поврзани со него. Чистењето и одржувањето на апаратот
не треба да го вршат деца под 8-годишна возраст и деца што не се под надзор. Чувајте го апаратот и кабелот
подалеку од дофат на деца под 8-годишна возраст.
20. Апаратите може да ги користат лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или оние
кои немаат искуство и знаење, доколку се надгледувани или обучени за безбедно користење на апаратот и
опасностите поврзани со него.
21. Децата не треба да си играат со апаратот.
22. Овој апарат е наменет за употреба во домашни или слични услови, на пример:
- кујнски простории за персонал во работилници, канцеларии и други работни простории;
- простории на фарми;
- за клиенти во хотели, мотели и други капацитети за сместување;
- места за сместување од типот „ноќевање со појадок".
23. Не користете го на отворен простор.
24. Зачувајте ги овие упатства
45

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières