Ставање Во Употреба - Bosch GUS 12V-300 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GUS 12V-300 Professional:
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-2921-001.book Page 115 Friday, July 1, 2016 1:25 PM
– Извадете го предметот којшто сте го употребиле за
блокирање на сечилото.
– Лесно подигнете го сечилото 10 и извлечете го надолу.
– Новото сечило со избрусениот раб нанадвор ставете го
на прифатот за алат.
Внимавајте на правилното вклопување на сечилото во
прифатот за алат.
– Олабавете ги шрафовите за прицврстување на
сечилото 11 во правец на вртење .
– Подесете го заштитниот лим 3 повторно на дебелината
на материјалот којшто треба да се исече и повторно
затегнете ја завртката со нарецкана глава 1.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
 Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на електричниот
апарат.
Наполнетата батерија 6 вметнете ја во дршката, додека не
се вклопи и не легне рамно во дршката.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4 нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „I".
За исклучување на електричниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4 наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0".
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
Напомена: Доколку електричниот апарат автоматски се
исклучи поради испразнета или прегреана батерија, тогаш
исклучете го со прекинувачот за вклучување/исклучу-
вање 4. Наполнете ја батеријата одн. оставете го
електричниот апарат да се излади, пред повторно да го
вклучите. Инаку батеријата може да се оштети.
Bosch Power Tools
Совети при работењето
 Не го оптоварувајте многу електричниот апарат,
додека не дојде во состојба на мирување.
 За време на работата не го допирајте сечилото 10.
Капацитетот на сечење на електричниот алат зависи од
материјалите што треба да се сечат и наполнетоста на
батеријата.
Зголемената брзина значително го намалува капацитетот
на наполнетост на батеријата.
Секогаш одржувајте ја чистотата на сечилото, односно
исчистете ги остатоците од материјали.
Лизгачката водилка 12 при сечењето не смее да се
заглавува и мора да биде паралелно насочена кон
површината за сечење.
При несоодветна примена, сечилото отапува.
Тенките материјали како на пр. текстил, може да се
повлечат и заглават во електричниот апарат при
сечењето. Затоа, кога сечете вакви материјали, не
притискајте премногу, за да може добро да ги исечете.
Држете ги оптегнати и сечете полека.
За време на работата не го вадете вовлечениот материјал
и претходно исклучете го електричниот апарат со
прекинувачот за вклучување/исклучување 4.
Како да добиете оптимални резултати од сечењето може
да утврдите со практичен обид.
Подесување на заштитниот лим
 Никогаш не го користете електричниот апарат без
заштитен лим 3.
За да постигнете оптимална заштита од повреди на Вашите
прсти, пред секој процес на работа мора да го подесите заш-
титниот лим на дебелината на материјалот којшто се сече.
– Олабавете ја назабената навртка 1.
– Подесете го заштитниот лим 3 така што лесно ќе
налегнува на материјалот којшто треба да се исече.
– Повторно затегнете ја завртката со нарецкана глава 1.
Напомена: По секоја употреба и пред секоја контрола или
одржување поставете го заштитниот лим 3 сосема надолу.
Означување на линијата на сечење „Cut Control"
Црвената линија на заштитната хауба (означување на
линијата на сечење „Cut Control" 2) ја покажува линијата
на сечење на сечилото 10.
На тој начин можете прецизно да го водите електричниот
апарат долж означената линија на сечење на материјалот.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на температура
за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се
исклучува електричниот уред. При намален број на
вртежи, електричниот апарат се вклучува дури откако ќе
се постигне дозволената температура на батеријата или
при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
апарат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го електричниот уред.
Македонски | 115
1 609 92A 2DF | (1.7.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières