Bosch GBR 15 CAG Professional Notice Originale page 182

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
OBJ_BUCH-2019-001.book Page 182 Wednesday, September 11, 2013 9:22 AM
182 | Македонски
Специјални безбедносни напомени за брусење
 Користете исклучиво брусни тела одобрени за
вашиот електричен уред и заштитна хауба
предвидена за овие брусни тела. Брусните тела што
не се предвидени за електричниот апарат, не може
доволно да се заштитат и не се сигурни.
 Закривените брусни плочи мора да бидат
монтирани, така што нивната површина за брусење
не смее да стрчи над работ од заштитната хауба.
Непрописно монтираните брусни плочи, кои стрчат над
работ од заштитната хауба не може доволно да се
заштитат.
 Заштитната хауба мора да се зацврсти на
електричниот апарат и на највисоко ниво на
безбедност, така што и најмалите делови на
брусното тело ќе бидат видливи за лицето што го
користи апаратот. Заштитната хауба помага,
корисникот да се заштити од парчињата, случајниот
контакт со брусното тело како и искрите, што може да ја
запалат облеката.
 Телата за брусење смее да се користат само за
предвидените можности на примена. На пр.: не
брусете со страничната површина на брусната плоча
за сечење. Брусните плочи за сечење се наменети за
сечење материјал со работ на плочата. Со странична
употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се
скршат.
 Секогаш користете неоштетена стезна прирабница
со соодветна големина и облик на брусните плочи.
Соодветната прирабница ја држи брусната плоча и така
ја намалува опасноста од кршење на брусната плоча.
Прирабниците за брусни плочи за сечење се
разликуваат од прирабниците за другите брусни плочи.
 Не користете истрошени брусни плочи од големи
електрични апарати. Брусните плочи за големи
електрични алати не се предвидени за повисок број на
вртежи за малите електрични апарати и може да се
скршат.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/
исклучување и ставете го во позиција Исклучено,
доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
по снемување струја или влечење на струјниот
3 609 929 C68 | (11.9.13)
приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано
рестартирање на уредот.
 Доколку обработувате камен, користете вшмукувач
за прав. Вшмукувачот за прав мора да биде одобрен
за вшмукување на прав при обработка на камен.
Користењето на овие уреди ја намалува опасноста
предизвикана од правта.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Одржувајте ја чистотата на работното место.
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта
од лесен метал може да се запали или експлодира.
Безбедносни напомени за дијамантски лончести плочи
 Работете само со хауба за вшмукување соодветна
на електричниот апарат со приклучок на соодветен
вшмукувач на прав.
 Изберете ги соодветните дијамантски лончести
плочи за материјалот што го обработувате.
Внимавајте на напомените за материјалот на
амбалажата.
 Пред монтажата исчистете ги сетот за затегање,
вретеното и дијамантските лончести плочи.
 Внимавајте на димензиите на дијамантските
лончести плочи. Дијаметарот на дупката мора да
одговара на приклучната прирабница. Не користете
адаптери или редуктори. Отворот на дијамантската
лончеста плоча не смее да се проширува.
 Дозволениот највисок број на вртежи на
дијамантската лончеста плоча мора да одговара
најмалку на највисокиот број на вртежи на
електричниот апарат.
 Демонтирајте ја дијамантската лончеста плоча пред
транспортот на електричниот апарат за да ги
избегнете оштетувањата.
 За да одржите максимален резултат од работењето,
брусете само со мал притисок; не навалувајте, не
притискајте одн. дупчете.
 Дијамантските лончести плочи за време на работата
стануваат многу жешки, не ги допирајте пред да се
оладат.
 Оставете го електричниот апарат, дури откако
дијамантската лончеста плоча ќе се доведе во
состојба на мирување.
 За отворање и затворање на затезната навртка
користете клуч со два отвори 3 607 950 017.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières