Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GBR 15 CAG Professional Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
OBJ_BUCH-2019-001.book Page 186 Wednesday, September 11, 2013 9:22 AM
186 | Македонски
– Овозможете слободен работен простор. При
подолготрајно работење, вшмукувачот мора да може
слободно да се подесува одн. да се подеси навреме.
– Носете заштита за слухот, заштитни очила, маска за
заштита од прав и ев.ракавици. Како маска за заштита
од прав носете маска од класата FFP 2 со филтрирање
на најмалку една честичка.
– За чистење на работното место употребете соодветен
вшмукувач. Не ја превртувајте насобраната прав.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 1 нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 1 притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување 1 нанапред надолу додека не се вклопи.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1 одн. доколку
тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 1 наназад надолу и потоа
ослободете го.
 Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку една минута 1, без да
го користите апаратот на материјал. Не користете
оштетени, нетркалезни или алати за брусење што
вибрираат. Оштетените алати за брусење може да
пукнат и да предизвикаат повреди.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот апарат по
прекин на струја.
За повторно вклучување прекинувачот за
вклучување/исклучување 1 ставете го во положба
Исклучено и одново вклучете го електричниот апарат.
Напомена: Редовно проверувајте ја функцијата на
заштитата од рестартирање, при што за време на работата
ќе го извлечете струјниот приклучок и потоа повторно ќе
го приклучите.
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот апарат и овозможува работа на 16-A-
осигурувач.
3 609 929 C68 | (11.9.13)
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Заштита од преоптоварување
При преоптоварување моторот запира. Оставете го
електричниот апарат неоптоварен на највисок број на
вртежи во празен од околу 30 секунди да се олади.
Брусење во близина на рабови (GBR 15 CAG)
(види слика B)
За брусење во близина на рабовите, притиснете го
механизмот за заклучување 7 нанапред (), и навалете го
подвижниот дел на заштитната хауба 6 странично ().
Фиксирајте го механизмот за заклучување 7 ( ).
Совети при работењето
 Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
 Не го оптоварувајте многу електричниот апарат,
додека не дојде во состојба на мирување.
 Не ја допирајте дијамантската лончеста плоча, пред
да се олади. Дијамантските лончести плочи за време
на работењето стануваат многу жешки.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат
директно кон делот што се обработува.
Движете го електричниот апарат со рамномерен притисок
кружно по површината или наизменично по должина или
попречно на делот што се обработува. За отстранување на
слоеви, електричниот апарат може да се води и под мал
агол на површината на делот што се обработува, без
притоа да се попречи вшмукувањето на прав.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
 При екстремни услови на примена, доколку е
возможно користете секогаш уред за вшмукување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и
приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја-(FI-). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот апарат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот апарат.
Изабената дијамантска лончеста плоча 15 може да ја
избрусите со кратко брусење од абразивен материјал (на
пр.варовит песок).
Складирајте ја и третирајте го приборот со внимание.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières