Télécharger Imprimer la page

TESY Compact Line BiLight GCA 1515 L52 RC Instructions D'installation Et De Fonctionnement page 123

Chauffe-eau électrique

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 136
на атмосферата. Потребно е да се преземат мерки и да се собере истечената
MK
вода за да се спречи штета, осигурувајќи се дека ова е во согласност со
барањата опишани во дел 2, параграф V.
При загревање, уредот може да предизвика бучава во вид на шиштење
(вода која врие). Ова е нормално и не покажува штета. Бучавата се зголемува
со тек на време и причината за неа се остатоците од бигор. За да ја отстраните
бучавата, уредот треба да се исчисти од бигор. Овој вид на чистење не е
покриен со гаранцијата.
Со цел да се осигура безбедна работа на бојлерот, безбедносниот вентил
мора редовно да се чисти и проверува дали функционира нормално/
вентилот не смее да биде попречен/, и за региони со многу тврда вода треба
да се чисти од насобраниот бигор. Оваа услуга не е покриена со гаранцијата.
Сите промени и модификации на конструкцијата и електричните кола
на бојлерот се забранети. Ако се установат промени и модификации при
проверка, гаранцијата на уредот станува неважечка и се поништува. Промени
и модификации се сите слчаи на отстранување на елементи вградени од
страна на производителот, додавање на дополнителни компоненти на
бојлерот, замена на елементи со слични елементи кои не се одобрени од
производителот.
Ако кабелот за напојување (кај модели кои имаат таков кабел) се
оштети, мора да се замени од претставник на сервисот или лице со слична
квалификација, со цел да се избегне било каков ризик.
Овој уред може да се употребува од деца постари од 8 години и лица со
намалени физички, сензорни или ментални способности или недостиг на
знаење и искуство ако се надгледуваат или насочуваат во врска со употребата
на уредот на безбеден начин и ги разбираат вклучените опасности.
Децата не смеат да си играат со уредот.
Чистењето и одржувањето не смеат да го изведуваат деца без надзор.
ОПИС И ПРИНЦИП НА РАБОТА
IV.
Уредот се состои од тело, обрач, заштитен пластичен панел и
безбедносен вентил.
1.
Телото се состои од челичен резервоар (сад за вода)
и пластично куќиште (надворешен оклоп) со термална
изолација поставена помеѓу и две цевки со навој G
½'' за довод на ладна вода (означени со син прстен) и
излезна цевка за топла вода (означена со црвен прстен).
Внатрешниот сад е направен од челик, заштитен од
корозија од специјален слој од стакло-керамика.
2.
Обрачот е опремен со електричен греач и заштитна
магнезиумова анода. Тој е прицврстен за бојлерот со
завртки.
Греачот се користи за загревање на водата во садот и се
контролира преку термостатот, кој автоматски ја одржува
избраната температура.
Пластичниот контролен панел вклучува: прекинувач (во
зависност од моделот), прилагодлив термостат (во зависност
од моделот, термален прекинувач и контролни индикатори.
Термалниот прекинувач е уред, кој го исклучува бојлерот
102
Инструкции за употреба и одржување
кога температурата ќе постигне превисоки температури. Ако
се активира, треба да го повикате овластениот сервис.
Индикаторите (во зависност од моделот) на контролниот
панел го покажуваат режимот на уредот.
Магнезиумовата заштита овозможува дополнителна анти-
корозивна заштита на внатрешниот сад за бојлери со слој од
стакло-керамика.
3.
Безбедносниот вентил спречува целосно празнење
на уредот во случај на прекин на доводот за ладна
вода. Вентилот го штити уредот од зголемување на
притисокот на вредности поголеми од дозволените при
загревањето (! притисокот се зголемува со зголемување
на температурата), преку испуштање на притисокот низ
отворот за истекување. Капењето на вода низ отворот при
процесот на загревање е нормално и треба да се земе во
предвид при инсталацијата на бојлерот.
ВНИМАНИЕ! Безбедносниот вентил не може да
го заштити уредот во случај на притисок на
доводот на вода кој е поголем од назначените
вредности за уредот.

Publicité

loading