Télécharger Imprimer la page

LG GBB569NSAFB Manuel Du Propriétaire page 314

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 181
РАБОТЕЊЕ
Напомени за работењето
• Корисниците треба да имаат предвид дека
може да се формира мраз ако вратата не е
целосно затворена, ако влажноста е многу
висока во текот на летото или ако вратата на
замрзнувачот се отвора многу често.
• Погрижете се да има доволно простор меѓу
храната што се чува на полицата и корпата
на вратата за да овозможите вратата
целосно да се затвора.
• Отворањето на вратата овозможува
навлегување топол воздух во апаратот
и може да предизвика покачување на
внатрешната температура.
• Ако го оставите апаратот исклучен подолго
време, отстранете ја сета храна и извлечете
го кабелот за напојување. Исчистете ја
внатрешноста и оставете ги вратите малку
подотворени, за да се спречи појавата на
мувла во апаратот.
Предлози за заштеда на
енергија
• Погрижете се да има доволно простор
меѓу храната што се чува. Ова овозможува
ладниот воздух да циркулира рамномерно, а
со тоа и сметките за струја да бидат пониски.
• Топлата храна може да ја ставите во
фрижидер, само откако ќе се излади, за да
спречите формирање роса или мраз.
• Кога чувате некаков уред во замрзнувачот,
поставете ја температурата на замрзнувачот
пониска од температурата наведена на
храната.
• Не ставајте храна во близина на сензорот за
температура на фрижидерот. Растојанието од
сензорите треба да биде минимум 3 cm.
• Имајте предвид дека покачување на
температурата по одмрзнување има
дозволен опсег којшто е наведен во
спецификациите. Ако сакате да го
минимизирате влијанието што ова може да го
има врз чувањето храна поради покачување
на температурата, запечатете ја или врзете ја
ќесата со храна во неколку слоеви.
• Системот за автоматско одмрзнување во
апаратот, осигурува дека одделот ќе остане
без создавање на мраз, во нормални работни
услови.
14
Ефикасно чување храна
• Замрзнатата или оладената храна чувајте ја
во затворени садови.
• Проверете го рокот на траење и етикетата
(упатства за чување) пред да ја ставите
храната во апаратот.
• Не чувајте храна долг период (подолго од 4
недели), ако лесно се расипува при ниска
температура.
• Ставете ја оладената или замрзнатата храна
во фрижидерот или замрзнувачот веднаш по
купувањето.
• Избегнувајте повторно замрзнување на
храна која е целосно одмрзната. Повторното
замрзнување на каква било храна што е
целосно одмрзната ќе го влоши нејзиниот
вкус и хранлива вредност.
• Не чувајте зеленчук завиткан во весник.
Печатен материјал како весник или други
надворешни супстанции може да ја
контаминираат и расипат храната.
• Не преполнувајте го уредот. Студениот
воздух не може да циркулира правилно ако
замрзнувачот е преполнет.
• Ако подесите многу ниска температура,
храната може да замрзне. Не подесувајте
температура пониска од потребната
температура за правилно чување на храната.
• За повеќе простор, можете да ја отстраните
полицата за шишиња, за јајца, за мраз и
фиоката за свежа храна.
MK

Publicité

loading