Bosch GSB 13 RE Professional Notice Originale page 125

Masquer les pouces Voir aussi pour GSB 13 RE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка (види слика A)
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (11).
Пред да извршите било што, проверете дали
u
пеперутка-завртката (10) е зацврстена. Губењето на
контролата може да доведе до повреди.
Дополнителната рачка (11) може да ја вртите по желба,
за да може безбедно и неуморно да работите.
Завртете ја пеперутка-завртката за подесување на
дополнителната дршка (10) во правец спротивен на
стрелките на часовникот и свртете ја дополнителната
дршка (11) во саканата позиција. Потоа зацврстете ја
пеперутка-завртката (10) во правец на стрелките на
часовникот.
Подесување на длабочината на дупчење (види
слика A)
Со граничникот за длабочина (12) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
Притиснете го копчето за подесување на граничникот за
длабочина (9) и поставете го граничникот за длабочина
во дополнителната рачка (11).
Извлечете го граничникот за длабочина до степен што
растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Bosch Power Tools
Промена на алат
Брзозатегнувачка глава за дупчење (види слика B)
Држете ја цврсто задната чаура (3) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја
предната чаура (2) во правец на вртење ➊, додека не се
вметне алатот. Вметнете го алатот.
Држете ја цврсто задната чаура (3) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1), а предната
чаура (2) свртете ја цврсто со рака во правец на вртење
➋ додека целосно не се вклопи. Со тоа, главата
автоматски се заклучува.
Блокадата повторно се ослободува, откако ќе ја свртите
преданата чаура (2) во спротивен правец за да го
извадите алатот.
Запчеста глава за дупчење (види слика C)
При менување на алатот носете заштитни ракавици.
u
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (14),
додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегнување на главата за дупчење (13)
ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за
дупчење (14) и рамномерно затегнете го алатот.
Алати за навртување (види слика D)
При користење на битови за одвртувачот (16) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (15).
Користете само битови што се соодветни на главата за
навртување.
За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот
„Дупчење/ударно дупчење" (4) на ознаката „Дупчење".
Менување на главата за дупчење
Демонтирање на главата за дупчење (види слика E)
За да ја демонтирате брзозатегнувачката глава за
дупчење (1) прицврстете еден клуч со внатрешна
шестаголна глава (17) во брзозатегнувачка глава за
дупчење (1) и ставете вилушкаст клуч (18) (ширина на
клучот 14 mm) на површината на клучот на погонското
вретено.
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа. Држете го цврсто вилушкастиот
клуч (18) и олабавете ја брзозатегнувачката глава за
дупчење (1) со вртење на клучот со внатрешна
шестаголна глава (17) во правец ➊. Со лесен удар на
долгиот крак на клучот со внатрешна шестаголна глава
(17) се олабавува цврсто вметнатата брзозатегнувачка
глава за дупчење. Извадете го клучот со внатрешна
шестаголна глава од брзозатегнувачката глава за
дупчење и целосно одвртете ја истата.
Демонтажата на запчестата глава за дупчење (14) се
врши на истиот начин како што е опишана демонтажата
на брзозатегнувачката глава за дупчење.
Македонски | 125
1 609 92A 53D | (12.07.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières