Télécharger Imprimer la page

Milwaukee M18 SIC36 Notice Originale page 803

Masquer les pouces Voir aussi pour M18 SIC36:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 66
1 ГЕНЕРАЛНИ УПАТСТВА
1.1 Посебни прописи за безбедност на системите за проверка на цевки
Кога работите во цевки внимавајте, цевките да не бидат под напон или да не се напојуваат со електрична
енергија. Цевките не смеат да содржат течност. Камерата и апаратот не смеат да дојдат во контакт со
течност.
Камерата и кабелот не смеат да дојдат во контакт со масло, гас или други материјали што предизвикуваат
корозија.
За да се намали ризикот од експлозија, електричен удар или материјална штета, пред да се почне со
работа да се провери работното подрачје. Кабелот не смее да дојде во контакт со електрични компоненти,
хемикалии или подвижни делови.
За да се намали ризикот од оштетување на апаратот, да не се употребува прекумерна сила и да не се
свиткува кабелот. Камерата за инспекција и кабелот да не се употребуваат во подрачја, каде што би
можеле да дојдат во контакт со нагризувачки и масни супстанции.
Кабелот да не се употребува за отстранување на затнувања или препреки. Ова не е чистач на цевки!
Ако одводната цевка што треба да се провери содржи хемикалии, бактерии или други токсични супстанци
на пр. предизвикувачи на инфекции, тогаш користете ракавици од латекс или гумени ракавици и заштитни
очила, штитник за лице, заштитна облека и маска за дишење, препорачани од производителот. Цевките
може да содржат хемикалии, бактерии или други супстанци, кои може да бидат токсични или да
предизвикаат инфекции, кои пак може да доведат до изгореници со киселина или до други тешки повреди.
Придржувајте се до добрата хигиенска пракса. Додека ракувате со апаратот, немојте да јадете или да
пушите. По ракувањето односно по користењето на системот за проверка на цевки рацете или другите
делови од телото кои дошле во контакт со содржината на цевката, треба секогаш да се измијат со топла
вода и сапун. На овој начин избегнувате ризици по здравјето заради контакт со токсични материи или
материи што може да предизвикаат инфекции.
Пред употребата, проверете дали на кабелот постојат траги од абење или оштетување. Заменете го
изабениот или оштетениот кабел пред употреба на апаратот.
ВНИМАНИЕ! Треба да се внимава кога го носите на грб системот за проверка на цевките користејќи го
носачот. Може да изгубите рамнотежа.
Секогаш користете го апаратот внимателно и претпазливо. Невозможно е да се предвидат сите опасни
ситуации. Не користете го апаратот ако не ги разбирате овие упатства или ако се чувствувате премногу
уморни од работа. За повеќе информации или обука, контактирајте го Milwaukee или квалификуван
професионалец.
Немојте да ги отстранувате етикетите и плочките со натписи. Овие плочки содржат важни информации.
Ако плочките повеќе не се читливи или недостигаат, обратете се до корисничката служба на MILWAUKEE,
за да добиете бесплатна замена на истите.
Некои прашини предизвикани од машини за брушење, пилање и дупчење или други градежни активности
можат да содржат хемиски супстанции кои се канцерогени, доведуваат до вродени дефекти или ја
нарушуваат плодноста. Примери за овој вид хемиске супстанције се:
- олово од олово-базирани бои,
- кристали на силика од тули, цемент или други ѕидарски производи, како и
- арсен или хром од хемиски третирана дрвена граѓа.
Ризикот од изложеност зависи од тоа колку често работите со овие супстанции. За да се одржи ризикот од
изложеност што е можно понизок, секогаш работете во добро проветрени места. Носете официјално
одобрена заштитна опрема, како што се маски за прав со филтер за микрочестички.
1.2 Други безбедносни и работни упатства
Не менувајте ја батеријата кога површината на алатот е влажна.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee
ги собираат старите батерии за еколошко отстранување.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
Користете исклучиво полначи од систем M18 за полнење на батерии од систем M18. Не користете батерии
од друг систем.
Течност од оштетените батериите може да истече при екстремно преоптоварување или екстремна
температура. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10 минути и задолжително одете на лекар.
МАКЕДОНСКИ
2

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

M18 sic60M18 sish