Télécharger Imprimer la page

Beko RCNE560E40ZLXPHUN Manuel D'utilisation page 445

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 36
Користење на производот
6.10.Корпа за зеленчук со
контрола на влажност
*по избор
Со опцијата за контрола на влагата,
степенот на влажност на зеленчуците и
овошјата се контролира и овозможува
поголем период на свежина за храната.
Се препорачува да не се складираат
лиснати зеленчуци, како марула и спанаќ
и слични зеленчуци склони на губење на
влага, на корењата, туку во хоризонтална
положба во корпата за зеленчуци што е
можно повеќе.
Кога ги ставате зеленчуците, ставете ги
тешките и тврди зеленчуци на дното, а
лесните и меките горе, имајќи ја предвид
специфичната тежина на зеленчуците.
Не оставајте ги зеленчуците во корпата
за зеленчуци во пластични кеси. Ако ги
оставите во пластични кеси, зеленчуците
ќе скапат за кусо време. Во ситуации во
кои не се препорачува контакт со други
зеленчуци, користете материјали за
пакување како хартија што има одредена
порозност, во смисла на хигиената.
Не ставајте овошје кое произведува
голема количина на етиленски гас, како
што се крушата, кајсијата, праската и
особено јаболката, во истата корпа за
зеленчуци со други зеленчуци и овошја.
Етиленот што доаѓа од овие овошја може
да предизвика други зеленчуци и овошја
да созреат побрзо и да скапат побрзо.
6.11.Автоматска машина за мраз
*по избор
Со автоматската машина за мраз може
лесно да правите мраз во фрижидерот.
За да добиете мраз од машината за
мраз, извадете го резервоарот за вода во
одделот за ладење, наполнете го со вода и
вратете го на место.
Првиот мраз ќе биде готов за два часа во
фиоката на машината за мраз во одделот
за ладење.
По ставање на полниот воден резервоар,
може да добиете околу 60-70 коцки мраз
додека не се испразни целосно.
Ако водата стоела во резервоарот 2-3
седмици, треба да се смени.
C
Во производи со автоматска
машина за лед, може да слушнете
звук кога ставате мраз. Овој
звук е нормален и не е знак на
неправилно работење.
Фрижидер/Упатство за употреба
22/36МК

Publicité

loading