Electrolux EFD90567OX Manuel D'utilisation page 169

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
4. ОДРЖУВАЊЕ
Предупредување! Пред
билокаква операција за чистење
или одржување, исклучете го
аспираторот од електричната мрежа
со вадење на струјниот приклучник
или со исклучување на домашниот
мрежен прекинувач.
Аспираторот мора редовно да се чисти
(најмалку со истата фреквенција со која
се врши одржувањето на филтерите за
масти) како од внатрешноста така и од
надворешноста. За чистењето користете
крпа навлажнета со течни неутрални
детергенти. Да не користите производи
кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ
АЛКОХОЛ! Предупредување! Ако
не се следат упатствата во однос
на чистењето на аспираторот и
замената на филтрите ќе доведе до
ризик од пожари. Се препорачува
до придржување на предложените
упатства.
Ние одбиваме билокаква одговорност
за евентуални оштетувања на моторот
или пожар предизвикан како резултат на
неправилно одржување или неследење
на наведените упатствата.
4.1 Филтер за масти - Заситеноста на
филтерот на јаглен настапува по 30
часа користење на аспираторот и се
сигнализира со светење на четирите
лед сијалички на контролната табла;
за ресетирање притиснете го копчето
тајмер (
). Чистете го филтерот за
масти со неагресивни детергенти, рачно
или во машина за миење на садови на
ниски температури и во краток интервал.
Со перењето во машина за миење на
садови металниот филтер за масти може
да ја изгуби малку бојата но неговите
карактеристики за филтрирање воопшто
не се менуваат.
4.2 Филтер со активен јаглен -
Заситувањето на филтерот од јаглен
настапува по повеќе или помалку
продолжена употреба во зависност
од типот на готвење и редовноста на
чистењето на филтерот за масти. Во
секој случај потребно е да се замени
чаурата најмалку на секои 4 месеци.
НЕ може да се пере или обновува.
МАКЕДОНСКИ
169

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières