Технички Податоци - Bosch GMS 120 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GMS 120 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 14
OBJ_BUCH-1222-007.book Page 100 Monday, September 5, 2016 4:56 PM
100 | Македонски
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на мерниот уред, и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за детектирање на метали
(железо и неметали, на пр. армирано железо), дрвени
греди, како и кабли што спроведуваат напон во ѕидови,
плафони и подови.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на мерните апарати на графичката страница.
1 Светлечки прстен
2 Отвор за означување
3 Екран
4 Приказ за видот на режим
5 Копче за вклучување-исклучување
6 Копче за осветлување на екранот
7 Копче за сигнален тон
8 Копче за пребарување на кабли коишто спроведуваат
струја/режим на работа „Струен кабел"
9 Копче за пребарување на метал/режим на работа
„Метал"
10 Копче за пребарување на дрвени и метални греди/
режим на работа „Сува градба"
11 Лизгач
12 Поле на сензор
13 Спецификациона плочка
14 Поклопец на преградата за батеријата
15 Фиксирање на поклопецот на преградата за батерија
16 Држач за врвката
17 Заштитна ташна
18 Врвка за носење
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака.
Елементи на приказ (види слика A)
a Приказ за исклучен сигнален тон
b Приказ на функцијата за предупредување
c Приказ на видот на објектот „неметален објект"
d Приказ на видот на објектот „немагнетизиран метал"
e Приказ на видот на објектот „магнетизиран метал"
f Приказ на видот на објектот „спроводник на струја"
g Приказ за контрола на температурата
h Приказ на батеријата
i Приказ на мерењето
j Скала за фино подесување
k Приказ „CENTER"
1 609 92A 270 | (5.9.16)
Технички податоци
Дигитален детектор
Број на дел/артикл
макс. регистрирање на
1)
длабочина
– Железни метали
– Неметали (бакар)
– Кабли коишто спроведуваат
струја 110–230 V (при прим.
2)
напон)
– Дрво
Автоматика за исклучување по
околу
Температура при работа
Температура при складирање
Батерија
Времетраење на работа околу
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
Вид на заштита
1) во зависност од режимот на работа, материјалот и големината на
објектот, како и материјалот и состојбата на подлогата
2) помала длабочина на регистрација кај кабли кои не спроведуваат
струја
 Резултатот од мерењето може да биде полош во поглед на
точноста и регистрирањето на длабочината доколку
својствата на подлогата се неповолни.
Монтажа
Вметнување/менување на батеријата
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За да го отворите поклопецот од преградата за батерии 14
притиснете на механизмот за заклучување 15 во правец
на стрелката и отворете го поклопецот. Ставете ги
испорачаните батерии. Притоа внимавајте на половите во
согласност со приказот на внатрешната страна од
преградата за батерии.
Приказот на батеријата h секогаш го покажува
моменталниот статус на батеријата:
Батеријата е целосно наполнета
Батеријата има 2/3 капацитет или помалку
Батеријата има 1/3 капацитет или помалку
Ве молиме заменете ја батеријата
 Доколку не сте го користеле мерниот уред подолг
период, извадете ја батеријата. При подолго
складирање, батериите може да кородираат или да се
испразнат.
Употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
GMS 120
3 601 K81 0..
120 мм
80 мм
50 мм
38 мм
5 мин
–10 °C...+50 °C
–20 °C...+70 °C
1 x 9 V 6LR61
5 ч
0,27 кг
IP 54 (заштита од прав
и прскање на вода)
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières