Bosch GBH 14,4 V-LI Compact Professional Notice Originale page 130

Masquer les pouces Voir aussi pour GBH 14,4 V-LI Compact Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 14
OBJ_BUCH-1331-005.book Page 130 Monday, September 19, 2016 8:49 AM
130 | Македонски
 За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и
пластика како и за заштафување/одвртување се
користат алати без SDS-plus (напр. дупчалка со
цилиндрично вратило). За овие алати потребна ви е
брзозатегачка глава за дупчење одн. запчеста глава за
дупчење.
 Оштетениот капак за заштита од прав веднаш
заменете го. Капакот за заштита од прав го спречува
навлегувањето на правта која се создава при
дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата
на апаратот проверете дали капакот за заштита од прав
не е оштетен.
 Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата
употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
целосно.
 Прочитајте го упатството за употреба на полначот.
 Проверете дали батеријата е правилно поставена.
Има два степени на заклучување.
 Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 При транспорт и складирање, прекинувачот за
менување на правецот на вртење ставете го во
средна позиција. При невнимателно ракување со
1 609 92A 2MF | (19.9.16)
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Доколку вклучите блокиран алат за дупчење
настануваат многу моменти на блокирање.
 Избегнувајте случајно вклучување. Осигурете се
дека прекинувачот за вклучување/исклучување е
во исклучена позиција, пред да ставите батерија.
Носењето на електричниот апарат со вашиот прст на
прекинувачот за вклучување/исклучување или
ставање на батеријата во вклучен електричен апарат
може да доведе до несреќен случај.
 Ставете SDS-max алат за вметнување: Проверете
дали е заклучен со влечење на алатот.
 Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
 За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
GBH 14,4 V-LI Compact/
GBH 18 V-LI Compact:
Батериски електро-пневматски
чекани за дупчење
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières