Ставање Во Употреба - Bosch GDR 14,4 V-LI MF Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GDR 14,4 V-LI MF Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
За да ја извадите батеријата (7) притиснете на копчето за
отклучување (8) и извлечете ја батеријата надолу од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на
температурата, што дозволува полнење само на
температура меѓу 0 °C и 45 °C. Со тоа се постигнува долг
рок на употреба на батеријата.
Вадење на батеријата
Батеријата (7) има два степени на блокирање, што
спречуваат, да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата (8).
Се додека е вметната батеријата во електричниот уред,
таа се држи во позиција со помош на пружина.
За вадење на батеријата (7) притиснете на копчињата за
отклучување (8) и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Промена на алат (види слика A)
Ставање на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред,
алатот што се вметнува ставете го до крај во прифатот за
алат (1) и повторно олабавете ја чаурата за заклучување
(2), за да го блокирате алатот за вметнување.
Користете само битови за одвртувач со топчест затворач
(12) (DIN 3126-E6.3). Другите битови за одвртувачот
(14) може да ги ставите со помош на универзален држач
за битови со топчест затворач (13).
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред и
извадете го алатот за вметнување.
Bosch Power Tools
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат
во погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам. Работната постапка се дели во две фази:
Одвртување и Затегнување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на завртките и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на завртки и
навртки, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
u
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Наполнетата батерија (7) притиснете ја однапред
навнатре во подножјето на електричниот алат, додека не
се заклучи батеријата.
Подесување на правецот на вртење (види слика B)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (9)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е
возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и
прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот
за менување на правец на вртење (9) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (9) на десно до крај.
Подесување на режимот на работа (види слика C)
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
За промена на режимот на работа притиснете го
прекинувачот „Дупчење/Одвртување" (4) во саканата
позиција.
Доколку прекинувачот „Дупчење/Одвртување" (4) не е
турнат до крај, притиснете малку на прекинувачот за
вклучување/исклучување (10) и повторно отпуштете го,
пред да го турнете прекинувачот „Дупчење/
Одвртување" (4) во саканата позиција.
Секогаш туркајте го прекинувачот „Дупчење/
Одвртување" (4) до крај. При работа со нецелосно
поместен прекинувач „Дупчење/Одвртување" (4) може
да дојде до оштетување на електричниот алат.
Позиција за ударно одвртување
Македонски | 149
1 609 92A 4AK | (15.05.2018)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières