Ставање Во Употреба - Bosch EasyPump Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Монтажа
Полнење на акумулаторска батерија
(види слика A)
Користете ги само мрежните напојувачи коишто се
u
наведени во техничките податоци. Само овие
мрежни напојувачи се погодни за литиум-јонската
батерија што се користи за Вашата воздушна пумпа.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на приклучокот за мрежа
додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку
батеријата е испразнета, воздушната пумпа се исклучува
со заштитен прекинувач.
Не го притискајте повторно копчето за вклучување/
u
исклучување доколку воздушната пумпа поради
празната батерија автоматски се исклучи.
Батеријата може да се оштети.
За полнење на акумулаторските батерии поврзете го
USB Type-C®-отворот (16) преку USB-кабелот (14) со
мрежниот напојувач (15). Вметнете го приклучокот за
мрежа во приклучницата.
Процесот на полнење започнува и ќе биде прикажан
преку постојаните цртки на приказот за наполнетост на
батеријата (d). За време на полнењето, не може да се
користи воздушната пумпа.
Ако процесот на полнење е завршен, приказот за
наполнетост на батеријата непрекинато свети (d) додека
воздушната пумпа не биде извадена од струјната мрежа.
Доколку не го употребувате, извадете го мрежниот
напојувач (15) од струја.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот за наполнетост на батеријата (d) ја покажува
наполнетоста на батеријата на екранот:
Приказ
Капацитет
75−100 %
50−75 %
25−50 %
5−25 %
0−5 %
Монтирање/менување на адаптер
(види слика B)
Изберете соодветен адаптер за примената:
– Вентилски адаптер (2): на пр. за многу вентили за
велосипеди,
– Иглица за пумпа (3): на пр. за фудбалски топки
Bosch Power Tools
– Волуменски адаптер (4): за мали производи за на
плажа или за спорт, на пр. топка за во вода.
Вметнете го поклопецот (1) од прифатот на преградата за
складирање и извадете го адаптерот.
Завртете го адаптерот до крај во цревото под
притисок (9).
За вообичаени вентили за автомобили (делумно се
користат и за велосипеди) не е потребен адаптер.
Употреба
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување и исклучување на воздушната пумпа
притиснете на копчето за вклучување-исклучување (5).
При исклучување ќе се зачува последно поставениот
целен притисок.
Доколку за околу 3 min не се притисне на ниедно копче
на воздушната пумпа, таа автоматски се исклучува
заради заштита на батеријата.
Вклучување/исклучување на работното светло
За вклучување и исклучување на работното светло (12)
држете го притиснато копчето за менување на единица/
за работно светло (7) околу 1 s.
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
Менување на мерната единица
За прикажување на притисокот достапни се единиците
bar, psi и kPa.
За промена на мерната единица, кратко притиснете го
копчето за менување на единица/за работно светло (7),
додека не се појави саканата мерна единица на приказот
за мерна единица (a).
Надувување
По потреба монтирајте го соодветниот адаптер за
цревото под притисок (9). Доколку има, извадете го
капакот на вентилот на предметот што треба да се надува.
Завртете го цревото под притисок (9) со или без адаптер
на или во вентилот. Актуелниот притисок на
приклучениот предмет се појавува на приказот за мерна
вредност (b).
Надувување со автоматско исклучување (AUTOSTOP):
– На приказот за целен притисок (e) се појавува
последно поставената вредност за притисок. При
првото користење (фабричко поставување) или
претходно бришење на целниот притисок, на приказот
се појавува "−−".
– Утврдете или променете го целниот притисок:
притискајте го копчето за намалување на целниот
притисок (6) или за зголемување на целниот
притисок (10) додека не се постави саканата вредност
на приказот за целен притисок (e). При подолго
притискање на копчињата, вредноста побрзо ќе се
менува.
Македонски | 131
1 609 92A 62V | (25.08.2020)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières