Македонски; Безбедносни Напомени; Употреба Со Соодветна Намена - Bosch 2 609 390 308 Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 9
OBJ_BUCH-479-003.book Page 58 Thursday, August 3, 2017 10:43 AM
58 | Македонски
Екипът на Бош за технически съвети и приложения ще от-
говори с удоволствие на въпросите Ви относно нашите
продукти и допълнителните приспособления за тях.
Моля, при въпроси и при поръчване на резервни части ви-
наги посочвайте 10-цифрения каталожен номер, изписан
на табелката на уреда.
България
Robert Bosch SRL
Service scule electrice
Strada Horia Măcelariu Nr. 30–34, sector 1
013937 Bucureşti, România
Тел.: +359(0)700 13 667 (Български)
Факс: +40 212 331 313
Email: BoschServiceCenterBG@ro.bosch.com
www.bosch-pt.com/bg/bg/
Бракуване
С оглед опазване на околната среда водната помпа, допъл-
нителните приспособления и опаковките трябва да бъдат
предадени за рециклиране.
Правата за изменения запазени.
Македонски
Безбедносни напомени
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
 Овој уред за вода под притисок е исклучиво наменет
за снабдување со вода на дијамантски дупчалки за
влажно дупчење.
 Пред секоја употреба проверете дали на уредот за
вода под притисок има оштетувања. Недозволиво
силно оптоварување при работа и транспорт, погрешно
складирање и негрижа може да доведат до
предвремено абење на уредот за вода под притисок.
При оштетувања на садот под притисок 11 или при
необјаснива загуба на притисок, уредот за вода под
притисок мора да биде проверен од квалификуван
стручен персонал.
 Пред секое ставање во употреба на уредот за вода
под притисок проверете го функционирањето.
Особено внимавајте на дихтувањето на приклучокот
за црево и на завртките. Проверете дали
материјалот е напукнат, скршен или има корозија.
 Пред секое ставање во употреба проверете го
безбедносниот вентил! За тоа инсталирајте ја пумпата
и фиксирајте ја. Допирајте ја пумпата додека на
манометарот повеќе не се гледа зголемување на
1 609 92A 3ZG | (3.8.17)
притисокот (безбедносниот вентил испушта притисок).
Притоа максимално прикажаниот притисок на
манометарот од 6,6 bar не смее да се надмине.
 Не го оставајте наполнетиот уред за вода под
притисок подолго време на силно сончево зрачење.
Оперативната температура не смее да надмине 50 °C.
 Наполнете го уредот за вода под притисок само со
чиста вода. Секогаш користете го ситото за полнење
2.
 Пред секое отворање на уредот за вода под
притисок притиснете го вентилот за испуштање на
притисок 6. При отворање на уредот за вода под
притисок којшто е под притисок постои опасност од
повреди.
 Заштитете го уредот за вода под притисок од
замрзнување, особено во наполнета состојба.
Складирајте го само испразнет и без притисок.
Инаку садот под притисок 11 може да се оштети.
 Наполнетиот уред за вода под притисок не го
оставајте без надзор на местото на работење.
 На садот под притисок 11 во никој случај не смее да
се извршуваат поправки или подобрувања. Од
безбедносни причини препорачуваме по 5-годишно
користење уредот за вода под притисок да се провери
на овластено место за проверка на садови под
притисок.
 Животниот век на уредот за вода под притисок мора
да се одреди од страна на корисникот врз основа на
проценка на ризикот, земајќи ги предвид условите
за работа. Поради можно трошење на материјалот
препорачуваме да не се надмине користење од 10
години.
 Поправки на овој уред за вода под притисок смеат
да се направат само од страна на овластен стручен
персонал! Порачајте резервни делови кај Вашиот
специјализиран трговец. Вашиот специјализиран
трговец ќе Ве снабди со соодветните резервни делови.
 Чувајте го уредот за вода под притисок, така што тој
нема да може да се користи од деца.
 Безбедносните напомени и напомените за работа за
дијамантската дупчалка што се употребува и за
употребената опрема мора строго да се почитуваат!
 Придржувајте се до важечките национални и
меѓународни норми.
Опис на производот и моќноста
Отворете ја преклопената страница со приказ на уредот за
вода под притисок и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Уредот за вода под притисок е исклучиво наменет за
снабдување со вода на дијамантски дупчалки, коишто се
наменети за влажно дупчење.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières