Ставање Во Употреба - Bosch GIM 60 L Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GIM 60 L Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
184 | Македонски
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии (2)
притиснете на блокадата (6) и отворете го поклопецот на
преградата за батерии. Ставете ги батериите одн.
акумулаторските батерии внатре.
Внимавајте на точноста на половите согласно надворешниот
приказ на поклопецот на преградата на батерии.
Приказ за батеријата
Приказот за батерии (g) секогаш го прикажува
моменталниот статус на батериите одн. акумулаторските
батерии:
Приказ Капацитет
90–100 %
60–90 %
30–60 %
10–30 %
0–10 %
Трепка приказот за празна батерија. Откако
приказот ќе започне да трепка до исклучувањето
можете да мерите уште околу 15–20 min.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
u
време, извадете ги батериите одн. акумулаторските
батерии од мерниот уред. При подолго складирање во
мерниот уред, батериите и акумулаторските батерии
може да кородираат и да се испразнат.
Неопходно е да го исклучите ласерот пред да ги
u
смените батериите. Невнимателно вклучениот ласер
може да ги заслепи лицата околу Вас.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
u
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
u
температури или температурни осцилации. На пр. не го
оставајте долго време во автомобилот. При големи
температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво
да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При
екстремни температури или температурни осцилации,
прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
Одржувајте ја чистотата на површините на
u
поставување и контактните површини на мерниот
уред. Заштитете го мерниот уред од потреси и удари.
Честичките нечистотија или деформациите може да
доведат до погрешно мерење.
Избегнувајте тешки удари и превртувања на мерниот
u
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред,
пред да го употребите за работа, секогаш извршете
контрола на точноста(види „Проверка на точноста и
калибрирање на мерниот уред", Страница 187).
Поставување/прицврстување на мерниот уред
За да мерите и пренесувате косини, мерниот уред може да
го поставувате и легнувате не само на површини, туку имате
и други можности за негово поставување
одн.прицврстување.
Поставување со механика за нивелирање (на пр. при
нерамни подови) (види слика B):
Притиснете кратко на ногарката за стоење (13), за да ја
извлечете. Притиснете го копчето (3), за да ја извлечете
ногарката за нивелирање (12). Подесете ја ногарката за
нивелирање со вртење на завртката за подесување (4) во
висина, така што ласерскиот зрак ќе поминува по должина
на површината којашто треба да се измери одн. косината да
ја прикаже како измерена вредност (d).
1 609 92A 58J | (29.11.2019)
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières