Télécharger Imprimer la page

Опис На Производот И Перформансите; Наменета Употреба - Bosch Power Tools GGS Professional Série Notice Originale

Publicité

164 | Македонски
Безбедносни предупредувања специфични за
брусење и абразивно сечење
Користете само видови на дискови коишто се
u
препорачуваат за вашиот електричен алат, за
препорачана употреба. На пример: не користете
диск за сечење за странично брусење. Абразивните
дискови за сечење се наменети за периферно
брусење, страничните сили што се применуваат на
овие дискови може да предизвикаат нивно
распарчување.
За навојни абразивни конуси и клинови, користете
u
исклучиво неоштетени дискови за вретено, со
нерамни прирабници и со правилна величина и
должина. Соодветните вретена ќе го намалат ризикот
од кршење.
Не го „притискајте" дискот за сечење и не
u
применувајте прекумерен притисок. Не
настојувајте да направите прекумерно длабок
засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува
оптоварувањето и осетливоста на виткање и
закачување на дискот во засекот и можноста за
приклештување или кршење на дискот.
Не ја ставајте вашата рака во линија, или зад
u
ротирачкиот диск. Кога дискот, во текот на
операцијата, се движи подалеку од вашата рака,
одбивањето може да го придвижи ротирачкиот диск и
електричниот алат директно кон вас.
Кога дискот е приклештен, закачен, или кога го
u
прекинува сечењето заради некоја причина,
исклучете го алатот и држете го неподвижен
додека дискот целосно не запре. Никогаш не
настојувајте да го извадите дискот за сечење од
засекот додека се движи или може да дојде до
одбивање. Проверете и поправете го за да ја
елиминирате причината за приклештувањето или
закачување.
Не започнувајте повторно со сечење во делот што
u
го обработувате. Почекајте додека дискот да
достигне целосна брзина и внимателно влезете
повторно во засекот. Дискот може да се навали,
придвижи или одбие ако го рестартирате
електричниот алат во делот што го обработувате.
Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го
u
обработувате за да го намалите ризикот од
приклештување и одбивање на дискот. Големите
делови што ги обработувате се искривуваат под
својата тежина. Потпирачите мора да се стават под
делот што го обработувате, покрај линијата на засекот
и покрај ивицата на делот што го обработувате на
двете страни на дискот.
Користете дополнителни мерки за претпазливост
u
кога правите „џебен засек" во постоечки ѕидови
или други слепи површини. Испакнат диск може да
пресече цевки за гас или вода, електрични жици или
предмети коишто може да предизвикаат одбивање.
1 609 92A 6N7 | (06.08.2021)
Безбедносни предупредувања специфични за жичано
четкање
Внимавајте бидејќи четката исфрла жичани влакна
u
дури и за време на вообичаени операции. Не ги
преоптоварувајте жиците со преоптоварување на
четката. Жичаните влакна може лесно да навлезат во
лесни алишта и/или кожа.
Оставете ги четките да работат на соодветна брзина
u
најмалку една минута пред да почнете со нивно
користење. За ова време, никој не треба да стои
пред или во линија со четката. Олабавените влакна
или жици може да се откачат за време на работата.
Насочете го вртењето на жичаната четка подалеку
u
од вас. Може да излетаат мали честички или делови од
жицата, со јак интензитет за време на користењето на
овие четки и можат цврсто да навлезат во кожата.
Дополнителни безбедносни напомени
Не ги допирајте брусните дискови, пред да се
u
оладат. Плочите за време на работењето стануваат
многу жешки.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Електричниот алат не е погоден за стационарна
u
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е наменет за брусење и отстранување
на остатоци од метал со корундни брусни тела, како и за
работење со алати со брусна лента.
GGS 8 CE: Електричниот алат има дополнителна намена
за четкање и полирање на метали.
Bosch Power Tools

Publicité

loading