Télécharger Imprimer la page

Bosch Power Tools GGS Professional Série Notice Originale page 162

Publicité

162 | Македонски
Исклучете го електричниот алат од струја и/или
u
сетот на батерии од електричниот алат, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
u
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати се
опасни во рацете на необучени корисници.
Одржување на електрични алати. Проверете го
u
порамнувањето или прицврстување на подвижните
делови, спојот на деловите и сите други услови што
може негативно да влијаат врз функционирањето
на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го
електричниот алат на поправка пред да го
користите. Многу несреќи се предизвикани заради
несоодветно одржување на моќните алати.
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за сите примени
Безбедносни предупредувања за брусење, жичано
четкање, полирање или резбање
Овој електричен алат е наменет да функционира
u
како алат за брусење, жичано четкање, полирање
или резбање. Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, илустрации и спецификации
приложени со овој електричен алат. Грешките
настанати како резултат на непридржување до сите
инструкции приложени подолу може да предизвикаат
струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Операциите како на пр. шмирглање или сечење, не
u
се препорачува да се вршат со овој електричен
алат. Операциите за кои не е наменет електричниот
алат може да предизвикаат опасност и лична повреда.
Не користете дополнителна опрема која не е
u
специјално дизајнирана и не е препорачана од
производителот на алатот. Само затоа што
дополнителната опрема може да се вгради во вашиот
електричен алат, не значи дека може да се обезбеди
безбедно работење.
1 609 92A 6N7 | (06.08.2021)
Утврдената брзина на дополнителната опрема за
u
брусење, мора да биде најмалку еднаква на
максималната брзина означена на електричниот
алат. Дополнителната опрема за брусење која работи
побрзо од утврдената брзина може да се скрши и да се
распрска насекаде.
Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата
u
дополнителна опрема мора да биде во рамките на
класата на вашиот електричен алат. Дополнителна
опрема со несоодветна величина не може соодветно
да се контролира.
Големината на осовината на дисковите, брусниот
u
валјак или другата дополнителна опрема, мора
правилно да се вклопува во вретеното или
затезната чаура на електричниот алат.
Дополнителната опрема која не е соодветна на
хардверот на електричниот алат не може да одржува
рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да
предизвика губење на контрола.
Вретенаста брусна четка, брусен валјак, резачи и
u
другата дополнителна опрема мора целосно да
бидат вметнати во затезната чаура или полугата.
Ако вретеното не е доволно зацврстено и/или валјакот
премногу стрчи, валјакот може да се олабави и да
отпадне со голема брзина.
Не користете оштетена дополнителна опрема. Пред
u
употреба проверете ја дополнителната опрема,
како на пр., абразивните дискови за иверки и
струготини, брусниот валјак за отвори, стружење
или претерано абење, жичаната четка со олабавени
или пукнати жици. Ако електричниот алат или
дополнителната опрема падне, проверете дали е
оштетена или инсталирајте неоштетена
дополнителна опрема. По проверката или
инсталирањето на дополнителна опрема, вие и
луѓето во близина поместете се подалеку од
рамнината на ротирачката опрема, и вклучете го
електричниот алат на максимална брзина без
оптоварување една минута. Оштетената
дополнителна опрема вообичаено се расипува во
текот на овој тест период.
Носете лична заштитна опрема. Во зависност од
u
примената, користете штитник за лице,
безбедносни или заштитни очила. Како што е
соодветно, носете маска за заштита од прашина,
штитници за уши, ракавици и работничка
престилка, којашто ги запира малите абразивни
парчиња или парчиња од делот што го
обработувате. Заштитата за очи мора да овозможи
спречување на остатоци што се распрскуваат при
работењето. Маската против прав или респираторот
мора да ги филтрира честичките што се генерираат
при работењето. Долготрајна изложеност на
интензивна бучава може да доведе до губење на
слухот.
Луѓето во ваша близина треба да бидат оддалечени
u
од работниот простор. Секој што влегува во
Bosch Power Tools

Publicité

loading