Bosch PST 750 PE Notice Originale page 157

Masquer les pouces Voir aussi pour PST 750 PE:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
При ставање или при замена на електричниот алат
u
носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете
на крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за
пила со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило) или со
1/4"-универзално сечило (U-сечило). Сечилото за пила
не треба да биде подолго отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за
пила.
Вметнување на сечилото за пила (види слика A)
Исчистете го сечилото на листот за пила пред
u
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
PST 800 PEL/PST 8000 PEL/PST 8500 PEL: ев. извадете
го капакот (9).
Вметнете го прифатот за сечилото за пила (13) во
правецот на стрелките нагоре. Потоа вметнете го
сечилото за пила (15), со запците во правец на сечењето,
до крај во правец на прифатот за сечилото за пила.
При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа
задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (14).
Проверете дали е стабилно сечилото за пила.
u
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и
да Ве повреди.
Вадење на сечилото за пила (види слика B)
Вметнете го прифатот за сечилото за пила (13) во
правецот на стрелките нагоре и извадете го сечилото
(15).
Доколку сечилото за пила се заглави при вадењето,
поставете ја рачката за подесување (7) на максимален
број на осцилации и притиснете го прифатот за сечило за
пила (13) малку нанапред (макс. 2 mm).
Депо за сечило за пила (види слика C) (PST 800 PEL/
PST 8000 PEL/PST 8500 PEL)
Во депото за сечила за пила (5) можете да чувате до шест
сечила со должина до 110 mm. Вметнете ги сечилата за
пила со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило) во
процепот предвиден за нив во депото за сечила за пила.
Може да бидат поставени едно преку друго до три сечила
за пила.
Затворете го депото за сечила за пила и вметнете го до
крај во процепот на основната плоча (6).
Bosch Power Tools
Заштита од кинење (види слика D)
Заштитата од кинење (16) (опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
сечила за пила и со агол на резот од 0°. Основната плоча
(6) при сечење со заштита од кинење не смее да се
поместува наназад за сечење блиску до работ.
Притиснете ја заштитата од кинење (16) од долу на
основната плоча (6) (како што е прикажано на сликата,
со засекот нагоре).
Контрола на линијата на сечење Cut Control
(PST 800 PEL/PST 8000 PEL/PST 8500 PEL)
Контролата на линиите на сечење Cut Control
овозможува прецизно водење на електричниот алат долж
означената линија за сечење на делот што се обработува.
На Cut Control припаѓаат контролниот прозорец (11) со
ознаките за сечење и основата (10) за прицврстување на
електричниот алат.
Cut Control прицврстување на основната плоча
(види слика E)
Прицврстете го контролното прозорче за Cut Control
(11) во држачите на подлогата (10). Потоа лесно
притиснете ја подлогата и нека се вклопи во прифатот за
опремата на (17) основната плоча (6).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Капак (види слики F и G) (PST 800 PEL/PST 8000 PEL/
PST 8500 PEL)
Монтирајте го заштитниот капак (9), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Вметнете го заштитниот капак (9) на електричниот алат
така што средниот држач ќе се вклопи на заштитата од
Македонски | 157
1 609 92A 51A | (09.04.2019)

Hide quick links:

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Pst 750 pelPst 800 pelPst 8000 pelPst 8500 pel

Table des Matières