Télécharger Imprimer la page

Bosch Climate 5000i Notice D'installation page 129

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 74
▶ Прочитајте ги сите упатства за монтажа за сите компоненти на
системот пред монтажата.
▶ Внимавајте на безбедносните напомени и предупредувањата.
▶ Внимавајте на националните и регионалните прописи, технички
правила и регулативи.
▶ Документирајте го сработеното.
HПрописна употреба
Внатрешната единица е предвидена за инсталација во објект, со
поврзување со надворешната единица и дополнителните
компоненти на системот, на пример, регулатори.
Надворешната единица е предвидена за инсталација надвор од
објект, со поврзување со една или повеќе внатрешни единици и
дополнителните компоненти на системот, на пример, регулатори.
Клима уредот е предвиден само за комерцијална/приватна употреба
каде што температурните отстапувања од одредените точки не водат
кон штети по живиот свет или материјалите. Клима уредот не е
предвиден за прецизно поставување и одржување на потребната
апсолутна влажност.
Секоја друга употреба се смета за непрописна. Непрописната
употреба и штетите што резултираат од неа се исклучени од
гаранцијата.
За инсталација на специјални локации (подземно паркиралиште,
балкон или други полуотворени простори):
▶ Внимавајте на барањата за местото на инсталација, наведени во
техничката документација.
HОпшти опасности предизвикани од разладното средство
▶ Овој уред е наполнет со разладно средство R32. Гасот од
разладното средство може да биде токсичен ако дојде во контакт
со оган.
▶ Ако истече разладно средство за време на монтажата, темелно
проветрете ја просторијата.
▶ По монтажата, проверете дали има некакво протекување на
системот.
▶ Не ставајте никакви други супстанци во разладното коло освен
наведеното разладно средство (R32).
HБезбедност на електричните уреди за домашна употреба и
слични намени
Со цел да се избегнат опасности, важат следниве спецификации во
однос на EN 60335-1:
«Овој уред можат да го користат деца над 8-годишна возраст, како и
лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, или
пак без искуство и знаење, земајќи предвид дека се под надзор или
добиваат упатства како безбедно да го користат уредот и ги
разбираат опасностите што произлегуваат од употребата. Децата не
смеат да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето не смеат да
се изведуваат од страна на деца без да бидат под надзор.»
«Доколку се оштети кабелот за струја, истиот мора да го замени
производителот или сервисна служба, или пак друго квалификувано
лице со цел да се избегнат опасностите што произлегуваат од
замената.»
HПредавање на корисникот
Подучете го корисникот при предавањето на клима уредот за
ракувањето и условите на работа на уредот.
▶ Објаснете како се ракува со уредот – притоа, особено посветете
внимание на тоа како се користи безбедно.
▶ Особено внимавајте на следниве точки:
– Модификациите или сервисирањето смее да го врши само
одобрен специјалист.
– За уредот да работи безбедно и еколошки, задолжително е
барем еднаш годишно да се проверува и да се чисти и
одржува по потреба.
Climate 5000i – 6721824787 (2024/01)
▶ Можните последици (лични до смртоносни повреди, или
материјални штети) произлегуваат поради недостаток или
несоодветна проверка, чистење и одржување.
▶ Предајте ги упатствата за монтажа и ракување на корисникот за
да ги има на располагање во иднина.
1.3
Напомени за овој прирачник
Ќе пронајдете збир од илустрации на крајот од овој прирачник.
Текстот содржи упатувања кон илустрациите.
Во зависност од моделот, вашиот производ може да се разликува од
тој во илустрациите во овој прирачник.
2
Податоци за производот
2.1
Изјава за сообразност
Овој производ соодветствува на европските и националните
законски побарувања во поглед на конструкцијата и работата.
Со CE-ознаката се упатува на тоа дека производот е
сообразен во однос на сите применливи регулативи на ЕУ
со кои се предвидува примената на ознаката.
Целосниот текст од изјавата за сообразност можете да ја пронајдете
на интернет: www.bosch-climate.rs.
2.2
Содржина на достава
Легенда за слика 1:
[1]
Надворешна единица (исполнета со разладно средство)
[2]
Внатрешна единица (исполнета со азот)
[3]
Филтер за ладен катализатор (црн) и биофилтер (зелен)
[4]
Издувно колено со заптивка (за надворешна единица со
штендер или ѕидна конзола)
[5]
Далечинско управување
[6]
Држач за далечински управувач со завртка за прицврстување
[7]
Материјал за прицврстување (5 завртки и 5 типли)
[8]
Комплет памфлети за производната документација
[9]
5-жичан комуникациски кабел (незадолжителна опрема)
[10] 4 ублажувачи на вибрации за надворешната единица
2.3
Димензии и минимални растојанија
2.3.1
Внатрешна и надворешна единица
Слики 2 до 4.
2.3.2
Разладни линии
Легенда за слика 5:
[1]
Цевка за гас
[2]
Цевка за течност
[3]
Сифонски лак како отстранувач на масло
Ако надворешната единица е поставена повисоко од внатрешната,
поставете сифонски лак на не повеќе од 6 m и додајте други на секои
6 m ( Слика 5, [1]).
▶ Придржувајте се до максималната должина на цевката и
максималната разлика во висината меѓу внатрешната и
надворешната единица.
Податоци за производот
129

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Cl5000iu w 26 eCl5000iu w 35 eCl5000i 26 eCl5000i 35 e