Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GSH 3 E Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GSH 3 E Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
OBJ_BUCH-715-004.book Page 93 Monday, August 22, 2016 12:47 PM
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
– За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 и држете го притиснат.
– За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 5 притиснете го копчето за
фиксирање 4.
– За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5 одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање 4,
кратко притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 и потоа ослободете го.
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Подесување на бројот на удари
Бројот на ударите на вклучениот електричен апарат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување 5 .
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 5 се постигнуваат мал број на удари. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
удари.
Bosch Power Tools
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во12 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Притиснете го прстенот за подесување на длетото 3
нанапред и со помош на прстенот за подесување 3
свртете го длетото во саканата позиција.
– Отпуштете го прстенот за подесување на длетото 3 и
вртете го длетото додека не се вклопи.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
 Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Подмачкување
Електричниот апарат се подмачкува со масло.
Менувањето на масло е потребно само во рамки на
одржување или поправка од страна на овластена
сервисна служба за Bosch-електрични апарати. Притоа
неопходно е да се употребува масло од Bosch.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Македонски | 93
1 609 92A 2BH | (22.8.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

0 611 320 7

Table des Matières