Milwaukee M18 F2LM53 Notice Originale page 84

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
постигне максимален капацитет на косење и да се овозможи
исфрлање на исеченото.
• Да не се коси влажна трева. Во спротивно исечената трева се
лепи на внатрешната страна на издигнатиот дел и не може да
се зафати односно исфрли.
• Свежа или густа трева можно е да бара поголема висина на
сечење.
• Ако сакате да ја соберете исечената трева, извадете го
вметокот за мулчирање и поставете ја корпата за собирање
трева. Внимавајте горниот капак да е правилно затворен.
Редовно празнете ја корпата за собирање трева, инаку отворот
за испуст се затнува со исечена трева.
• Ако исечената трева сакате да ја оставите на тревникот како
ѓубриво, поставете го вметокот за мулчирање и затворете го
горниот капак, за да го покриете отворот за испуст. Во овој
сличај не е потребна корпа за собирање трева.
• Косилката за треба работи најдобро кога се бутка нанапред
односно кога се движи нанапред.
• Колку е поголема висината на сечење, толку подолго е
траењето на акумулаторот.
Блокадите да се отстранат
• Исклучете ја косилката и извадете го акумулаторот. Уверете се
дека сите подвижни делови се во мирување.
• За контролирање односно отстранување на блокади секогаш
носете јаки заштитни ракавици.
• Ножевите се многу остри и исто така блокадата може да се
предизвика од предмет со остри рабови.
• Извадете ја корпата за собирање трева и претпазливо барајте
блокади и отстранете ги истите.
• Проверете дали има затнување на отворот за испуст и
отстранете го истото.
• Легнете ја на страна косилката за трева за да го проверите
долниот дел и делот околу ножот. Внимателно отстранете
ги можните блокади. Имајте предвид дека ножот може да се
движи при чистењето.
ТРАНСПОРТ И ЧУВАЊЕ
При подигање или носење на косилката за трева нека ви помогне
друго лице. Косилката е многу тешка. При подигање, внимавајте
да стоите во положба погодна за грбот.
Стопирајте го производот, извадете ја батеријата и оставете го да
се олади, пред да го складирате или транспортирате.
Отстранете страни тела од производот. Складирајте го уредот на
суво место со добра вентилација, кое што не овозможува пристап
на деца. Да се чува подалеку од кородирачки материи, како што
се градинарски хемикалии и соли за одмрзнување. Да не се
сладира на отворено.
За транспорт во возила, осигурајте ја машината против движење
или паѓање за да спречите повреда на лица или оштетување на
машината.
ДОДАТОЦИ
Milwaukee Бр. на арт.
Дел
НОЖ 21IN/ 53 CM
4932 4798 18
НОЖ 21IN/ 53 CM
4932 4798 19
КАПАК 21IN/ 53 CM
4932 4798 21
ОДРЖУВАЊЕ
Контролирајте на редовни временски интервали дали ножот и
сите навртки за зацврстување и подесување се добро затегнати.
Редовно проверувајте ја корпата за собирање трева и заменете ја
со нова во случај на појава на абење или трошење.
Косилката за трева да не се прска со црево за да не навлезе вода
во машината или во електричните приклучоци.
Извадете го акумулаторот пред одржување, монтажа,
166
подесување, чистење, средување и кога не се користи истиот.
Грижливо одржувајте ја косилката за трева. За оптимални
резултати и сигурно работење, одржувајте ги сечивата на
ножевите секогаш остри и чисти.
Употребувајте само оригинални заменски ножеви од MILWAUKEE.
Бидете многу претпазливи при негата на ножевите. Завиткајте
ги ножевите или носете заштитни ракавици. Оштетените ножеви
мора да се заменат. Не обидувајте се да ги поправите или
измените ножевите.
Користете само оригинални резервни делови, додатоци и
додатоци од производителот. Ако не го сторите тоа, може да
предизвикате можна повреда, може да придонесе за слаби
перформанси и може да ја поништи вашата гаранција.
Тапиот нож изострете го подеднакво на двете страни за да не се
случи да не се врти во круг.
Темелно исчистете го ножот и проверете го неговото вртење во
круг. За таа цел поставете тенок клин во средишниот отвор и
завртете го ножот хоризонтално врз него. Исто така и клинот
мора да се наоѓа во хоризонтална положба. Ако ножот не се
врти кружно, на потешката страна односно на страната која
виси подолу, одземете повеќе материјал, за да се врти ножот
кружно. Ножот се врти кружно кога се врти рамномерно, без да
се наведнува подолу на едната страна.
Извитканите или нагризаните ножеви да се заменат.
Неурамнотежениот нож предизвикува вибрации и може да доведе
до оштетување на косилката или повреди.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот
со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на
табличката со учинокот или во Вашата корисничка служба или
директно кај Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Носете ракавици!
Носете долги панталони
Носете заштитни чевли!
МАКЕДОНСКИ
Пред употреба да се прочитајте го и разберете
го упатството за употреба. Внимавајте на сите
предупредувања и сигурносни упатства.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Да се внимава на
исфрлен материјал - Лицата од околу да стојат
подалеку
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Дланките и стапалата
да се држат подалеку од сечивата. Пред
сервисирање да се извади акумулаторот.
ВНИМАНИЕ! - Опасност од кревање. Може да
резултира со повреда.
Да не се гледа во вклучен извор на светлина.
ОПАСНОСТ - Дланките и стапалата
да се држат подалеку.
Опасност од гмечење
Да се заштити од дожд.
Работете секогаш попречно и никогаш по
должина на стрмнината. Да не се употребува на
површини со наклон над 15°.
Да не се коси при дожд или влажно време.
Косилката за трева да се подигна или носи од
две лица.
При подигганње, внимавајте да стоите во
положба погодна за грбот.
Гарантираното ниво на звучна моќност изнесува
96 dB.
00
Внимание! Ризик од струен удар
Косилката за трева да не се прска со црево
за да не навлезе вода во машината или во
електричните приклучоци.
Копче за стартување на единицата за сечење.
МАКЕДОНСКИ
Копче за број на вртежи на сечива бавен/брз
Копче за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ на
фаровите.
повисока максимална брзина
пониска максимална брзина
Потребни се два М18 акулулатори.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема мора да се
собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и
отпадните извори на светлина треба да се отстранат
од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач за
совети за рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците на
мало може да се обврзани бесплатно да ги преземаат
искористените батерии, како и отпадната електрична
и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема помага да се
намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат
литиум, и отпадната електрична и електронска
опрема содржат вредни материјали за рециклирање,
кои може негативно да влијаат на животната средина
и на здравјето на луѓето доколку не се отстранат на
еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната опрема,
доколку ги има.
Брзина без оптоварување
n
0
Напон
V
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
167

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières