Télécharger Imprimer la page

Makita PLM5120N2 Manuel D'instructions page 252

Masquer les pouces Voir aussi pour PLM5120N2:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
7-4 ГАСЕЊЕ НА МОТОРОТ
ВНИМАНИЕ: Сечилото се врти уште неколку
секунди откако ќе се изгаси моторот.
1. Ослободете ја рачката на кочницата за да запре
моторот и сечилото.
2. Откачете го и вземјете го кабелот за свеќичката
како што е наведено во посебното упатство за
моторот за да се спречи несакано палење додека
не се внимава на опремата.
7-5 ПОВРЗУВАЊЕ ЗА АВТОМАТСКО
ДВИЖЕЊЕ
За PLM5121N2
Фатете ја рачката за контрола на самостојното
возење, косилката ќе се движи напред автоматски со
околу 3,6 км/ч (Сл. 9), отпуштете ја рачката и
косилката ќе престане да се движи.
ВНИМАНИЕ: Косилката е конструирана да
коси нормални тревници со трева не повисока од
250 мм.
Не обидувајте се да косите низ невообичаено висока
сува или мокра трева (на пр. пасиште) или купчиња
суви лисја. На главата на косилката може да се
насоберат отпадоци или да дојдат во допир со
издувниот канал на моторот, што претставува
потенцијална опасност од пожар.
7-6 ЗА НАЈДОБРИ РЕЗУЛТАТИ ПРИ
КОСЕЊЕТО
Исчистете го тревникот од отпадоци. Внимавајте
тревникот да нема камења, стапчиња, жици или други
предмети што косилката може случајно да ги исфрли
во која било насока и да предизвика тешки повреди на
операторот и на другите, како и штета на имотот и
околните објекти. Не косете мокра трева. За ефикасно
косење, не косете мокра трева бидејќи таа се лепи за
долниот дел на главата и спречува правилно косење
на парчињата трева. Не косете повеќе од 1/3 од
должината на тревата. Препорачано сечење за
косење е 1/3 од должината на тревата. Брзината на
движење по тлото треба да се прилагоди за да може
искосеното да се распредели рамномерно по
тревникот. За особено тешко косење на густа трева,
може да биде потребно да се користи една од
најмалите брзини за да се добие чисто добро косење.
Кога се коси висока трева, може ќе треба да го
искосите тревникот во две поминувања, спуштајќи го
сечилото уште 1/3 од должината при второто косење и
можеби косејќи по друга патека отколку првиот пат.
Преклопувајте ја патеката по малку при секое
поминување за да се исчистат преостанатите
парченца на тревникот. Со косилката треба да се
работи со полн гас за да се добие најдобро сечење и
за да може да искоси најефикасно. Исчистете ја
долната страна на главата. Внимавајте да ја чистите
долната страна на главата за косење по секоја
употреба за да спречите наталожување трева, што ќе
спречи правилно малчирање.
252
Косење лисја. Косењето лисја исто може да биде
корисно за тревникот. Кога косите лисја, внимавајте да
се суви и да не се во многу дебел слој на тревникот.
Не чекајте сите лисја да паднат од дрвјата пред да
косите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако удрите во некој
предмет, сопрете го моторот. Извадете го кабелот од
свеќичката, темелно проверете ја косилката да не е
оштетена и поправете ја штетата пред повторно да ја
запалите и да работите со косилката. Прекумерни
вибрации на косилката за време на работата се
показател на оштетување. Уредот треба веднаш да се
испита и да се поправи.
7-7 ГЛАВА
Долната страна на главата за косење треба да се
исчисти по секоја употреба за да не се насоберат
парчиња трева, лисја, земја или други отпадоци. Ако
отпадоците се остават да се насобираат, може да
дојде до 'рѓосување и корозија и да не може правилно
да се малчира. Главата може да се чисти со
навалување на косилката и гребење со соодветна
алатка (внимавајте кабелот на свеќичката да е
откачен).
8. УПАТСТВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
СВЕЌИЧКА
Користете само оригинална свеќичка за замена. За
најдобри резултати, заменувајте ја свеќичката на
секои 100 часа употреба.
ГУРТНИ НА КОЧНИЦАТА
Редовно проверувајте ги и/или менувајте ги гуртните
на кочницата на моторот кај сервисен агент, а за
замена, смее да се употребуваат само оригинални
резервни делови.
9. УПАТСТВА ЗА
ПОДМАЧКУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ: ОТКАЧЕТЕ ГО КАБЕЛОТ ЗА
СВЕЌИЧКАТА ПРЕД СЕРВИСИРАЊЕ.
1. ТРКАЛА - Подмачкувајте ги лежиштата на секое
тркало со лесно масло барем еднаш во сезона.
2. МОТОР - Постапувајте според упатствата за
подмачкување од прирачникот за моторот.
10. ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ: Не чистете го моторот со црево.
Водата може да го оштети моторот или да го загади
горивниот систем.
1. Бришете ја главата со сува крпа.
2. Чистете со црево под главата навалувајќи ја
косилката така што свеќичката ќе биде горе.

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Plm5121n2