Milwaukee M18 FOPH-HTA Notice Originale page 59

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Запрете ја машината, извадете го акумулаторот и
оставете да се олади пред складирање или транспорт.
Исчистете ги сите туѓи тела од машината. Складирајте ја
машината на ладно, суво и добро проветрено место кое
што не е пристапно за деца. Чувајте подалеку од
корозивни средства како на пример хемикалии за
градината и соли за одмрзнување. Да не складирате
надвор.
За транспорт во возила, осигурајте ја машината против
движење или паѓање за да спречите повреда на лица
или оштетување на машината.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ПРЕОСТАНАТ РИЗИК
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може
да настанат следните опасности, на кои операторот
треба особено да внимава:
Повреди при допирање на ножот. Допирањето на ножот
може да предизвика сериозни повреди. Држете го ножот
подалеку од себе и од други лица. Покријте го ножот со
заштитен капак, кога не го користите уредот.
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и
ограничете го времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до
оштетување на слухот. Носете заштита за ушите и
ограничете го траењето на експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди
на очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони,
ракавици и цврсти чевли.
116
МАКЕДОНСКИ
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овие акумулаторски ножици за жива ограда се погодни
само за надворешна употреба. Од безбедносни причини,
уредот секогаш треба да се држи и да се води со двете
раце.
Уредот е конструиран за домашна употреба. Тој е
наменет за кастрење на жива ограда, грмушки и слични
растенија.
Треба да се користи во сува, добро осветлена средина.
Не е наменета за сечење на трева, дрва или гранки.
Може да се користи само за сечење на жива ограда.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
"Технички податоци" опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHS), 2014/53/EU, 2006/42/EC, 2000/14/EC, 2005/88/EC
и следните хармонизирачки нормативни документи:
EN 60745-1:2009+A11:2010
EN ISO 10517+2009+A1:2013
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Измерено ниво на јачина на звук 92,4 dB(A)
Гарантирано ниво на јачина на звук 96 dB(A)
Winnenden, 2020-11-02
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ОДРЖУВАЊЕ
После секое користење исчистете го куќиштето и
дршките, со мека, сува крпа.
Чистете ги ножевите после секоја употреба, со тврда
четка, а потоа внимателно нанесете масло, како заштита
од корозија, пред повторно да ја поставите заштитата на
ножот. Производителот препорачува користење на анти
корозивен спреј и распрскувачки средства за
подмачкување, за да се обезбеди подеднакво
нанесување и да се намали ризикот од повреда при
контакт со сечила. За погодни производи за прскање,
контактирајте ја службата за корисници на Milwaukee
(погледнете во брошурата за гаранција/служба за
корисници).
По потреба, пред секое користење можете да нанесете
малку масло според горенаведениот начин.
Проверете дали сите навртки и завртки се стегнати и
осигурајте се дека уредот се наоѓа во безбедна работна
состојба.
Проверете го уредот и заменете ги истрошените или
оштетените делови.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Носете тврди ракавици, кои не се лизгаат.
Секогаш носете заштитна облека и цврсти
чевли.
ОПАСНОСТ - Одржувајте безбедно растојание
од електричните жици.
Држете ги пристуните лица на безбедно
растојание од уредот.
Не ги допирајте ножевите, за да избегнете
повреда.
Не ја користете на дожд и не ја оставајте на
дожд.
Гарантираното ниво на звучна моќност
изнесува 96 dB.
Ôд без оптоварување во минута (ôд/min)
Електричните апарати и батериите што се
полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да
се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
n
Ударен момент при не оптовареност (на
0
слободно)
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
117

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières