Прва Употреба; Секојдневна Употреба - Hotpoint HA70BE 31 X Guide Rapide

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 5
ПРВА УПОТРЕБА
КАКО ДА ГО АКТИВИРАТЕ АПАРАТОТ
По приклучување на апаратот во струја, тој почнува
автоматски да работи. По стартување на апаратот,
почекајте најмалку 4-6 часа пред да ставите храна во
фрижидерот и во комората за замрзнување.
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ФУНКЦИИ
ИНДИКАТОР/КОПЧЕ ON/STANDBY
За да го ставите производот во режим на мирување,
притиснете и задржете го копчето 3 секунди. Сите
икони ќе се исклучат, освен индикаторот On/Standby. За
повторно да го активирате апаратот, еднаш (накратко)
притиснете го копчето.
ПОДЕСУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА НА ФРИЖИДЕРОТ
За да ја подесите Температурата на фрижидерот, притиснете
го копчето Fridge °C. Температурата на фрижидерот може
да се подеси од +2°C до + 8°C, како што е прикажано на LED
светлата на екранот за Температура на фрижидер.
FAST COOL
Со користење на функцијата Fast Cool може да се подобри
ладењето во комората за ладење. Оваа функција се
препорачува да се користи кога во комората за ладење се
става голема количина на храна. Притиснете и задржете го 3
секунди копчето Fridge °C за да ја активирате функцијата Fast
Cool. Кога е активирана функцијата Fast Cool, ќе се вклучат LED
светлата на екранот за Температура на фрижидер, како што е
прикажано. Функцијата автоматски се исклучува по 6 часа, или
може рачно да се исклучи со притискање на копчето Fridge °C.
ПОДЕСУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА НА ЗАМРЗНУВАЧОТ
Апаратот е фабрички подесен на препорачана
температура од -18°C. За да ја подесите Температурата
на замрзнувачот, притиснете го копчето Freezer °C.
Температурата на замрзнувачот може да се подеси од
-16°C до -24°C, како што е прикажано на LED светлата на
екранот за Температура на замрзнувач.
БРЗО ЗАМРЗНУВАЊЕ
Оваа функција се препорачува да се користи кога во
комората за замрзнување се става голема количина на
храна. 24 часа пред замрзнување на свежа храна, притиснете
и задржете го 3 секунди копчето Freezer за да ја активирате
функцијата Fast Freeze. Кога е активирана функцијата Fast
Freeze, ќе се вклучат LED светлата на екранот за Температура
на замрзнувач, како што е прикажано. По 24 часа ставете
ја храната во горната зона на комората за замрзнување.
Функцијата автоматски се исклучува по 48 часа, или може
рачно да се исклучи со притискање на копчето Freezer °C.
Кога апаратот е поврзан во струја, екранот се вклучува и
сите икони се појавуваат на екранот за околу 1 секунда.
Се вклучуваат функциите на стандардните (фабрички)
вредности на фрижидерот - комората за замрзнување.
За повеќе детали за функциите на апаратот разгледајте го Прирачникот
за користење и заштита / за повеќе информации како да го добиете
Прирачникот за користење и заштита разгледајте ја последната страница
СВЕТЛО НА ЛАДИЛНИКОТ
Системот за осветлување во внатрешноста на комората
за ладење користи ЛЕД светилки, овозможувајќи подобро
осветлување како и ниска енергетска потрошувачка.
Доколку ЛЕД системот за осветлување не работи,
контактирајте го Сервисот за да го замени.
РЕЖИМ ЗА ЗАБАВА
Користете ја оваа функција за да разладите пијалаци во
комората за замрзнување. Притиснете го копчето Party
Mode за да ја активирате/деактивирате оваа функција.
По 30 минути откако ќе го активирате режимот за
забава, алармот ќе Ве потсети да ги извадите пијалаците/
шишињата од комората за замрзнување. За да го
исклучите алармот, притиснете го копчето Stop alarm, или
деактивирајте ја функцијата со притискање на копчето
Party mode.
Важно: не ги оставајте шишињата во комората за
замрзнување подолго од времетраењето на функцијата
(30 минути).
АЛАРМ ЗА ПРЕКИН НА СТРУЈА
Во случај на прекин на струја, Вашиот производ е
дизајниран автоматски да ја следи температурата во
замрзнувачот откако повторно ќе се воспостави дотокот
на струја. Доколку температурата во замрзнувачот се
качи над нивото на замрзнување, иконата за
струја се пали, и иконата за
звучниот сигнал откако повторно ќе се воспостави
дотокот на струја. За да го ресетирате алармот, еднаш
притиснете на копчето
ПАМЕТЕН ЕКРАН
Оваа опционална функција може да се користи за
заштеда на енергија. За да го активирате Паметниот
екран, истовремено притиснете на копчињата
°C и Freezer °C и задржете ги 3 секунди додека не се
емитува звучен сигнал. За да ја деактивирате функцијата,
повторете ја истата постапка. Запомнете дека оваа
функција не го исклучува апаратот од струја, туку само ја
намалува енергијата што ја троши надворешниот екран.
ИНДИКАТОР ЗА ТЕМПЕРАТУРА *
Индикаторот за температура Ве известува дали
температурата во оваа комора е доволно ладна за чување
храна со зборот „ОК".
1. Проверете дали на индикаторот јасно ќе се појави
зборот ОК (види слика подолу).
Прекин на
Аларм трепка и се вклучува
Reset.
Fridge

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Ha70be 72 x869991599310

Table des Matières