Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GUS 12V-300 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GUS 12V-300 Professional:
Table des Matières

Publicité

124 | Македонски
– Подесете го заштитниот капак (3) на дебелината на
материјалот којшто треба да се исече и повторно
затегнете ја завртката со нарецкана глава (1).
Поставување на заштитната хауба
Никогаш не го користете електричниот алат без
u
заштитниот капак.
За да постигнете оптимална заштита од повреди на прсти,
пред секој процес на работа мора да го подесите
заштитниот капак (3) на дебелината на материјалот
којшто се сече.
Олабавете ја назабената навртка (1). Подесете го
заштитниот капак (3) (во опсег 2−11 mm), така што лесно
ќе налегнува на материјалот којшто треба да се исече.
Повторно затегнете ја завртката со нарецкана глава.
Подесете го заштитниот капак (3) после секоја употреба
како и пред секое работење на електричниот алат сосема
надолу.
Употреба
Ставање во употреба
Ставање на батеријата
Поставете ја наполнетата батерија (6) во прифатот за
батерија, додека не слушнете дека е вклопена и
блокирана.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави I.
За Исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави 0.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Не го оптоварувајте многу електричниот алат,
u
додека не дојде во состојба на мирување.
За време на работата не го допирајте сечилото.
u
Капацитетот на сечење на електричниот алат зависи од
материјалите што треба да се сечат и наполнетоста на
батеријата. Пресилната брзина значително го намалува
капацитетот во зависност на наполнетоста на батеријата.
Лизгачката водилка (12) при сечењето не смее да се
заглавува и мора да биде паралелно насочена кон
површината за сечење.
Секогаш одржувајте ја чистотата на сечилото, односно
исчистете ги остатоците од материјали.
При несоодветна примена, сечилото отапува.
1 609 92A 6TE | (27.07.2021)
Тенките материјали како на пр. текстил, може да се
повлечат и заглават во електричниот апарат при
сечењето. Затоа, кога сечете вакви материјали, не
притискајте премногу, за да може добро да ги исечете.
Држете ги оптегнати и сечете полека.
За време на работата не го вадете вовлечениот
материјал. Прво исклучете го електричниот алат со
прекинувачот за вклучување/исклучување (4).
Како да добиете оптимални резултати од сечењето може
да утврдите со практичен обид.
Означување на линијата на сечење Cut Control
Црвената линија на заштитниот капак (3) (означување на
линијата на сечење Cut Control (2)) ја покажува линијата
на сечење на сечилото (10).
На тој начин можете прецизно да го водите електричниот
апарат долж означената линија на сечење на материјалот.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на
температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи
или се исклучува електричниот уред. При намален број
на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако ќе
се постигне дозволената температура на батеријата или
при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
При сечењето, под заштитната хауба може да се соберат
остатоци од материјал.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières