Bosch 0 607 350 198 Mode D'emploi page 183

Masquer les pouces Voir aussi pour 0 607 350 198:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
OBJ_BUCH-1326-002.book Page 183 Wednesday, August 7, 2013 8:59 AM
 Пневматскиот уред не смее да се модифицира.
Промените може да ја намалат делотворноста на
сигурносните мерки и да го зголемат ризикот за
корисниците.
Сервис
 Поправката на Вашиот пневматски алат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на пневматскиот алат.
Безбедносни напомени за пневматски
ексцентрични брусилки
 Доколку се скрши делот што се обработува или еден
од деловите на опремата или пак пневматскиот
уред, деловите може да излетаат со голема брзина.
 При користење како и поправки или одржување,
како и при размена на делови од опремата на
пневматскиот алат секогаш треба да носите заштита
за очите отпорна на удари. Степенот на потребната
заштита треба да се процени посебно за секоја
поединечна примена.
 Носете заштитен шлем, доколку работите на
плафон. На дој начин ќе ги избегнете повредите.
 Доколку има други лица во работното поле, држете
ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе
во работното поле, мора да носи лична заштитна
опрема. Парчињата од делот што се обработува или
брусните плочи за сечење може да летнат наоколу и да
предизвикаат повреди и надвор од директното поле на
работа.
 Внимание! Алатите што се вметнуваат може да се
вжештат при подолга употреба на пневматскиот
алат. Користете заштитни ракавици.
 Корисниците и персоналот за одржување мора да
бидат физички подготвени за да може да ја
поднесат големината, тежината и јачината на
пневматскиот алат.
 Бидете подготвени на неочекувани движења на
пневматскиот алат, кои може да настанат како
последица од реакциската сила или кршењето на
алатот што се вметнува. Држете го пневматскиот
алат цврсто и застанете со телото и рацете во
позиција во која ќе може да ги задржите овие
движења. Со почитување на овие мерки за
предупредување може да се избегнат повреди.
 Додека работите со овој пневматски алат, застанете
во удобна позиција, внимавајте на држењето и
избегнувајте неповолни позиции или позиции во кои
е тешко да држите рамнотежа. За време на
долготрајна работа, корисникот треба повремено да
го промени држењето на телото, што може да
помогне при избегнувањето на непријатности и
уморување.
 При прекин на напојувањето со воздух или намален
работен притисок исклучете го пневматскиот уред.
Bosch Power Tools
Проверете го работниот притисок и одново стартувајте
со оптимален работен притисок.
 Користете само средства за подмачкување
препорачани од Bosch.
 Не користете оштетени алати за вметнување. Пред
секоја употреба проверете ги алатите што се
вметнуваат дали се искинати, со пукнатини или
многу изабени. Доколку ви падне пневматскиот алат
или алатот што се вметнува, проверете дали е
оштетен или пак употребете неоштетен алат за
вметнување. Откако сте го провериле и ставиле
алатот за вметнување, не им дозволувајте на лицата
да бидат во близина на нивото на ротирачкиот алат
што се вметнува и оставете го алатот да врти една
минута на највисок број на вртежи. Повеќето од
оштетените алати за вметнување ќе се скршат во текот
на овој пробен период.
 Никогаш не ги принесувајте дланките во близина на
ротирачкиот алат што се вметнува. Може да се
повредите.
 Пневматскиот алат никогаш не го употребувајте без
брусно средство. Инаку брусниот диск ќе се истроши и
брусното средство нема да може сигурно да се
прицврсти.
 Пневматскиот алат може електростатички да се
испразни, доколку брусите пластика и други
неспроводливи материјали.
 При користењето на пневматскиот алат, на
корисникот при работењето може да му се појави
непријатно чувство во дланките, рацете, рамената,
грлото или на други делови од телото.
 Доколку на корисникот му се појават симптоми како
на пр. трајна слабост, тегоби, болка, боцкање,
глувост, жештина или вкочанетост, овие
предупредувачки знаци не треба да се игнорираат.
Корисникот на алатот треба овие знаци да му ги
соопшти на работодавецот или да се консултира со
стручно медицинско лице.
 Не користете брусни плочи за сечење.
 Дозволениот број на вртежи на алатот што се
вметнува мора да биде исто толку висок како
највисокиот број на вртежи наведен на
пневматскиот алат. Приборот кој се врти побрзо од
дозволеното може да се скрши и да летне од алатот.
 Внимавајте да ги залепите самолепливите брусни
листови концентрично на брусниот диск.
Правта што настанува при
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
шмирглање, пилење,
брусење, дупчење и слични дејности може да делува
канцерогено, да ја намали плодноста или да делува
мутагено. Некои од супстанците што ги содржат овие
честички прав се:
олово во боите и лаковите што содржат олово;
кристален кварц во цигли, цемент и други градежни
материјали;
арсен и хромат во хемиски обработуваното дрво.
Македонски | 183
3 609 929 C71 | (7.8.13)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

0 607 350 1990 607 350 200

Table des Matières