Dremel MOTO-SAW Traduction De La Notice Originale page 90

Masquer les pouces Voir aussi pour MOTO-SAW:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
d. Отстранете ги сите средства за подесување и
сите клучеви пред да го вклучите електричниот
алат. Ако оставите клуч или средство за
подесување прикачени на некој ротационен дел од
електричниот алат, тоа може доведе до телесна
повреда.
e. Не пресегнувајте се премногу. За сето време
одржувајте стабилна положба и рамнотежа.
Тоа Ви овозможува подобра контрола над
електричниот алат во неочекувани ситуации.
f.
Носете прописна облека. Немојте да носите
широка облека или накит. Косата, облеката
и нараквиците држете ги понастрана од
подвижните делови. Широката облека, накитот
или долгата коса можат да се заплеткаат меѓу
подвижните делови.
g. Ако на уредите е прикачен вшмукувач на
прашина, проверете дали се добро споени
и дали правилно се користат. Користењето
собирач на прашина може да ги намали
опасностите предизвикани од прашина.
h. Не дозволувајте искуството стекнато со честа
употреба на алатите да ве направи спокојни и
да ги игнорирате безбедносните принципи при
неговото користење. Невнимателно движење
може да предизвика сериозни повреди во дел од
секунда.
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ
АЛАТ
a. Немојте да го форсирате електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат кој е
потребен за Вашата дадена ситуација. Со
соодветниот електричен алат подобро и
побезбедно ќе ја завршите работата за која е
дизајниран.
b. Немојте да го користите електричниот алат
доколку не работи прекинувачот on/off.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со помош на прекинувач, е опасен и
мора да се поправи.
c. Исклучете ја приклучницата од штекерот и/или
отстранете ја батеријата од електричниот алат,
ако се отстранува, пред да правите какви било
подесувања, пред да го менувате приборот
или пред да го одложите алатот. Ваквите
превентивни мерки на безбедност го смалуваат
ризикот од случајно вклучување на електричниот
алат.
d. Чувајте го алатот подалеку од дофатот на деца и
не дозволувајте им на лицата кои не се упатени
во алатот или во овие упатства да ракуваат со
алатот. Електричните алати можат да бидат
опасни во рацете на корисници кои не се обучени.
e. Одржувајте ги електричните алати и додатоците.
Проверете дали спојните или подвижните
делови се добро нагодени, дали деловите се во
исправна состојба, и сите други услови кои би
можеле да влијаат врз работата со електричниот
алат. Ако алатот е оштетен, дајте го на поправка
пред повторната употреба. Многу несреќи биле
предизвикани од лошо одржуван електричен алат.
f.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Кога правилно се одржува алатот за сечење со
остри рабови за сечење, помала е веројатноста
тој да се заглави и полесно се контролира.
g. Електричниот алат, приборот и бургиите
користете ги во согласност со овие упатства,
земајќи ги предвид работните услови и работата
што треба да се заврши. Употребата на
електричниот алат за работи коишто тој не е
предвиден, може да предизвика опасни ситуации.
h. Рачките и површините за држење одржувајте
ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и
површините за држење што се лизгаат не
овозможуваат безбедно ракување и контрола на
алатот во неочекувани ситуации.
СЕРВИС
a. Вашиот електричен алат нека го сервисира
квалификуван сервисер со користење само
на идентични резервни делови. На овој начин
ќе се обезбеди одржување на сигурноста на
електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО
ВРСКА СО МАШИНАТА
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ПИЛИ
a. Електричниот алат допирајте го само на
изолираните делови кога извршувате работи
при кои алатот за сечење може да дојде во
контакт со скриени електрични водови или со
сопствениот мрежен кабел. Опремата за сечење
која ќе дојде во допир со жица под напон, може
да предизвика изложените метални делови од
електричниот алат да дојдат под напон и да
предизвика електричен шок за операторот.
b. Користете стегалки или друг практичен начин за
обезбедување и потпирање на обработуваното
парче на некоја стабилна платформа. Ако
работното парче го држите со рака или кон
своето тело, тоа го прави нестабилно и може да
изгубите контрола.
c. Рацете држете ги подалеку од зоната на сечење.
Не се пресегнувајте под работното парче.
Контактот со листот на пилата може да доведе
до повреди.
d. Употребете го алатот врз работното парче дури
откако ќе го вклучите. Инаку постои опасност
од повратен удар кога алатот за сечење ќе се
заглави во работното парче.
e. Кога сечењето ќе заврши, исклучете го алатот и
потоа извлечете го сечилото од засечокот дури
откако ќе се смири. На овој начин можете да
избегнете повратен удар и можете безбедно да
го одложите алатот.
f.
Користете само остри, беспрекорни сечила за
пила. Искривените или тапи сечила можат да се
скршат или да предизвикаат повратен удар.
g. Не запирајте го сечилото со примена на
страничен притисок после исклучувањето.
Сечилото од пилата може да се оштети, да се
скрши или да предизвика повратен удар.
h. Користете соодветни детектори за да утврдите
дали во работното подрачје има скриени
инсталации, или побарајте помош од локална
фирма за електродистрибуција. Контактот со
електрични водови може да доведе до пожар и
електричен шок. Оштетувањето на гасоводната
инсталација може да доведе до експлозија.
Продирањето на вода може да предизвика
оштетување на имотот или електричен шок.
i.
Прицврстете го работното парче. Работното
парче кое е прицврстено со уред за притегање
или кое е ставено на менмеге, е побезбедно
отколку кога се држи со рака.
j.
Рацете нека Ви бидат чисти. Мешањето на
материјали е посебно опасно. Правот од лесни
легури може да се запали или да експлодира.
k. Секогаш почекајте алатот потполно да се смири
пред да го положите. Вметнатата алатка
90
Б
М
Д
Д
Т
К
п
С
ш

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Ms20

Table des Matières