Ставање Во Употреба - Bosch GLI 18V-2200 C Professional Notice Originale

Cordless worklight
Masquer les pouces Voir aussi pour GLI 18V-2200 C Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 14
F) Опсегот може многу да варира во зависност од
надворешните услови, вклучително и приемникот што се
употребува. Во затворените простории и со метални
бариери (на пр. ѕидови, регали, куфери итн.) опсегот на
Bluetooth® може значително да се намали.
Одблесокот на осветлените објекти може да биде со лажна боја.
Системски барања
Мобилен уред (таблет,
Android 4.3 (и понов)
паметен телефон)
iOS 9 (и понов)
Монтажа
Полнење на батеријата (опрема)
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку
батеријата е испразнета, батериските светилки се
исклучуваат со заштитен прекинувач.
По автоматското исклучување на батериската
u
светилка не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали
е оладена батериската светилка пред повторно да ја
вклучите.
За вадење на батеријата (13) притиснете го копчето за
отклучување (12) (види слика B) и извлечете ја
батеријата наназад од батериската светилка. Притоа не
употребувајте сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Активирање на копчестата батерија
За да може батериската светилка да се лоцира и без
батерија (13) од мобилен уред, таа е опремена со
копчеста батерија, види сликаB.
При првото пуштање во употреба извадете ја разделната
фолија меѓу копчестата батерија (11) и контактот за
копчести батерии.
Ослободете ја бравата на капакот на батеријата (2) и
отворете го капакот (3).
Олабавете ја завртката на поклопецот од преградата за
батерии и извадете го (10). Отстранете ја фолијата од
контактот за копчести батерии и повторно затворете го
поклопецот од преградата за батерии со завртката.
Bosch Power Tools
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Ослободете ја бравата на капакот на батеријата (2) и
отворете го капакот (3).
Ставете ја наполнетата батерија (13) во главата на
светилката (4), додека не се вклопи и не налегне на
главата на светилката (4).
Затворете го капакот на батеријата (3), а потоа и бравата
на капакот на батеријата (2).
При затворање на капакот на батеријата внимавајте
u
на правилно поставување на гумената трака. Инаку
нема да се загарантира заштитата од прав и прскање.
Поставување
Внимателно расклопете ја основата (5) и оставете ја
батериската светилка на подот. Внимавајте стативот да
биде безбедно поставен.
Прицврстување на статив
Со прифатот за статив (7) може да ја зашрафите
батериската светилка на статив.
Цврсто затегнете ги завртките 5/8". Внимавајте стативот
да биде безбедно поставен.
Вртење на главата на светилката (види слика A)
Главата на светилката (4) е прицврстена на рачката за
носење (8). Главата на светилката може да се постави во
пет позиции со помош на рачката за носење.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на батериската светилка,
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(1).
За да ја исклучите батериската светилка, одново
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(1).
За да заштедите енергија, вклучувајте ја батериската
светилка само доколку ја користите.
Подесување на осветленоста
Кратко притиснете на прекинувачот за вклучување/
исклучување (1), за да ја вклучите батериската светилка
со максимална осветленост. За подесување на
осветленоста во 2 степени, држете го притиснат
прекинувачот за вклучување/исклучување (1), додека не
се постигне саканата осветленост.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
При надминување на дозволената оперативна
температура прво се намалува осветленоста, пред
евентуално да се исклучи батериската светилка заради
заштита. Оставете ја батериската светилка да се олади и
повторно вклучете ја.
Македонски | 103
1 609 92A 3WZ | (12.04.2018)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières