Electrolux EFT6566OW Manuel D'utilisation page 142

Hotte utilisée pour aspirer les fumées et les vapeurs causés par la cuisine
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
142
www.electrolux.com
Најмалото растојание помеѓу плочата
од шпоретот за садовите за готвење
и долниот раб на аспираторот да не
биде помало од 50cm за електричните
апарати за готвење и 65cm за гасните
или комбинираните апарати за готвење.
Ако упатството за монтажа за плинските
плочи од шпоретот прецизираат
поголемо растојание, морате да се
придржувате до тоа.
3.1 Hob
Аспираторот има функција за
безжично поврзување со плочата за
готвење за автоматско регулирање на
најсоодветната брзина. Погледнете го
упатството за употреба на плочата за
готвење за да го проверите присуството
и компатибилноста на оваа функција.
При првото поврзување на електричната
мрежа или при ненадеен прекин на
електричната енергија почекајте 1
минута за да може аспираторот повторно
да ја воспостави врската со плочата за
готвење.
Hood
2
4. ОДРЖУВАЊЕ
Предупредување! Пред
билокаква операција за чистење
или одржување, исклучете го
аспираторот од електричната мрежа
со вадење на струјниот приклучник
или со исклучување на домашниот
мрежен прекинувач.
Аспираторот мора редовно да се чисти
(најмалку со истата фреквенција со која
се врши одржувањето на филтерите за
масти) како од внатрешноста така и од
надворешноста. За чистењето користете
крпа навлажнета со течни неутрални
детергенти. Да не користите производи
кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ
АЛКОХОЛ! Предупредување! Ако
не се следат упатствата во однос
на чистењето на аспираторот и
замената на филтрите ќе доведе до
ризик од пожари. Се препорачува
до придржување на предложените
упатства.
Ние одбиваме билокаква одговорност
за евентуални оштетувања на моторот
или пожар предизвикан како резултат на
неправилно одржување или неследење
на наведените упатствата.
4.1 Филтер за масти
Металниот филтер за масти треба да
се чисти еднаш месечно со неагресивни
детергенти, рачно или во машина за
миење на садови на ниски температури
и во краток интервал. Со перењето во
машина за миење на садови металниот
филтер за масти може да ја изгуби малку
бојата но неговите карактеристики за
филтрирање воопшто не се менуваат.

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Eft6576owEft6566oxEft6566okEft6576ox

Table des Matières